Оваа фотографија на Анастасија Ражнатовиќ ќе ви го стопи срцето: Ќерката на Цеца во петтиот месец од бременоста изгледа поубаво од било кога!
Младиот пар очекува ќерка...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ наскоро ќе станат родители.
Таа е во петтиот месец од бременоста и треба да се породи во септември, а како што открија, младиот пар ќе добие ќерка.
Анастасија Ражнатовиќ ужива со Немања Гудељ во Севиља, а сега на социјалните мрежи се појави нивна заедничка фотографија.
Имено, фудбалерот ја однел на вечера својата избраничка, па го овековечиле тој момент, а сите забележале дека Анастасија во петтиот месец изгледа подобро од било кога.
Анастасија беше во костум, додека тој беше облечен во маица и фармерки, а позираа прегрнати и сите забележаа колку се среќни заедно.
Анастасија и нејзиниот партнер Немања Гудељ веќе започнаа заеднички живот во Севиља каде уживаат во секојдневието.
Среќната вест за бременоста парот најпрво ја сподели со најблиските членови на семејството и пријателите, а меѓу најсреќните беше Цеца која заплака кога и кажаа.
Таа веднаш купила билет и отишла таму да ја посети ќерка си и да ги сподели среќните моменти со неа. Посебно се воодушевила кога слушнала дека Таша ќе роди девојче – изјавил за „Телеграф“ добро упатен извор.
Дека Цеца со нетрпение го очекува породувањето на нејзината внука може да се насети во нејзината изјава за новинарите откако го доби вториот внук.
– Се надевам дека ќе имам десет внуци. Би сакала да имаме девојче, јас би банкротирала. На Анастасија и е жал што не може да биде со нас, чека документи, не може да ја напушти државата – изјави Цеца.