Оваа убавица е новата девојка на Жика Јакшиќ: Водителот по трет пат ќе го каже судбоносното “ДА”?
Жика е лудо заљубен...
Жика Јакшиќ отсекогаш важел за голем шармер кој покрај него има убави и успешни жени.
Таков е случајот и со неговата нова девојка која е исклучително убава и успешна.
Имено станува збор за поранешната сопруга на фудбалерот на Црвена звезда Никола Мијаиловиќ.
Жика Јакшиќ веќе извесно време е во романтична и емотивна врска и тоа не го крие од медиумите.
Слободата на водителот да прошета со својата нова избраничка Тијана Мијаиловиќ пред објективот на фоторепортертерите доведе до шпекулации дека е на прагот да стапне на лудиот камен по трет пат.
Бидејќи се работи за прекрасна врска, полна со разбирање, поддршка, пред се љубов тоа би било логично, но сепак Жика и Тијана не брзаат.
Новата девојка на Жика Јакшиќ со својот шарм и интелигенција ги освои пријателите на авторот на емисијата „Никад није касно“, а за неа зборуваат само најдобро.
-Жика опасно се заљуби, не е јавна личност и воопшто не сака да се појавува во таблоидите. Со оглед на тоа дека работи сериозна работа, не и треба таков маркетинг… Пред шест месеци почнаа се повеќе да се среќаваат и да излегуваат заедно и се појавија „искри“. Жика беше тој што требаше малку повеќе да се потруди… Но, неговата нова љубов навистина го стави во ред, често се шегуваме со него дека не може да се оддалечи од својата девојка – изјави пријателот на Жика.