Реклама
Новости

Оваа тинејџерка има Даунов синдром, но тоа не ја спречи да биде успешна манекенка

Реклама

Нејзината приказна започна со една фотографија на социјалните медиуми, која беше објавена од нејзината мајка, а која подоцна се претвори во кариера како модел на 14 годишната Џорџија Траеберт од Куритаба, Бразил.

Но најинтересното нешто во нејзината приказна е тоа што Џорџија не е типичен модел. Имено, таа има Даунов синдром и со ова докажа дека ваквата состојба не ги спречува луѓето да ги остварат своите соништа во животот.

Маркетинг

„Се започна како шега”, објаснува Руби за „The Sun“. „Објавив една нејзина фотографија на Фејсбук и таа веднаш стана популарна. Идејата беше да видиме колку може да ги инспирира другите деца со Даунов синдром. .. Па така Џорџија денес соработува со пет модни агенции, но она што навистина допринесе за нејзиниот успех беше Инстаграм и Фејсбук. На тој начин стана позната низ целиот свет “.

Маркетинг

„Нејзиниот профил на Инстаграм сега има повеќе од 65k следбеници, и таа стана поприлично популарна во нејзината родна земја. Таа отсекогаш го сакала манекенството и модата, и покрај тоа што имаше проблеми со образованието, периоди кога се чувствуваше депресивно и осамено, сепак успеа да собере сила, да се качи на сцената и да се појави во најразлични реклами. Сега почнаа да се појавуваат нови понуди за соработка кои во последно време ни пристигаат од сите страни“ вели нејзината мајка.

Таа само што снимаше реклама за еден многу познат бренд од Бразил, а исто така се појави и во каталогот на еден од најголемите дизајнери на накит во оваа земја. Но, додека успешната кариера на Џорџија прави чуда за нејзината самодоверба, нејзината мајка е загрижена за негативните луѓе што се појавуваат на интернет и што фрлат сомнеж на нејзините досегашни достигнувања.

„Најтешкиот дел беше кога читам некои луѓе што испратиле коментари дека успеала во она што го прави само поради нејзината руса коса и сини очи. Но Џорџија е многу љубезна и многу талентирано дете, во спротивно таа не би го постигнала сето ова“ вели загрижено нејзината мајка.

„Откако почна да се појавува во медиумите, постојано е опкружена со девојки кои се интересираат и ја прашуваат за нејзината кариера и работата, па така да се биде во медиумите и да се има кариера помогна многу помогна и за нејзината самодоверба“ вели Руби, а пренесе „Боред Панда“.

„Нејзиниот најголем сон е еден ден, покрај манекенството, да биде актерка или пејачка. Значи, треба да инвестираме во часови за глума и пеење. Кој знае? Можеби таа ќе го направи и тоа?“ вели нејзината мајка и додава:

„Мојот совет е никогаш да не се откажувате. Продолжете да се борите и да продолжите со вашите соништа, зашто ништо не е невозможно. Само сакајте, верувајте и борете се за она што сметате дека е вистинското за вас“.

https://www.instagram.com/p/BrDz_90gpeJ/

https://www.instagram.com/p/BmJEz1AnHFD/

https://www.instagram.com/p/BkndkAvnbnD/

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button