Реклама
Наши ѕвезди

Оваа Србинка го шокираше целиот свет – има „позадина“ од 30 килограми и НЕ сака да престане со пластичните операции (видео)

Реклама

Плус-сајз модел од Србија, Наташа Краун, гостуваше во емисијата „Botched” каде побара помош од најпознатите пластични хирурзи на светот.

Наташа досега веќе има направено три посериозни операции на „позадината“, а за емисијата се пријави за да ги спушти бр*давиците малку пониско за да може да носи подлабоко деколте.

Маркетинг

Таа досега веќе имала три операции на „позадината“, а за емисијата се пријави за да направи корекција на градите за да може да носи подлабоко деколте.

Наташа има дваесет и седум години и е родена во Србија, по што на десетгодишна возраст се сели во Шведска.

Маркетинг

Поранешен модел кој не може да се откаже од Нутела

Таа стана популарна откако изјави дека сака да има „позадина“ поголема од онаа на најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан.

Таа пред камерите призна дека намерно се дебелее, за да можат докторите со липосукција да и извадат повеќе масти и да ги префрлат во задниот дел.

Првата операција ја направила кога имала 20 години, а потоа уште неколку од кои повеќето се за зголемување на „позадината“.

Докторите во емисијата и кажаа дека нема да и го оперираат градите, бидејќи нејзиното барање е потполно ирационално.

Тие и објаснија во врска со операцијата на „позадината“ дека во прашање е една од најтешките и најопасните пластични операции, бидејќи ако и еден грам од маста влезе во крвотокот може да има фатални последици.

На прашањето дали по ова ќе престане со операциите, таа рамнодушно одговори дека тоа не и е во план.

Според неа подобро е да се живее до 50 и да имате интересен живот, отколку да доживеете 80 во досада.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button