Реклама
Вирално

Оваа соседна земја може да се соочи со италијанско сценарио: Лекарите да избираат чиј живот да спасат, поради наглото зголемување на новозаразените од корона

Реклама

Српските инфектолози стравуваат дека во наредните неколку дена ќе дојде до нагло растење на бројот на заболени од коронавирус со оглед на тоа што во земјата имаше помасовни протести.

Инфектологот д-р Жарко Ранковиќ вели дека во Србија апсолутно е можно ако продолжи да расте бројот на позитивни, дека лекарите ќе бидат соочени со тоа да не можат да ги сместат во болниците и да им пружат соодветна медицинска нега.

Маркетинг

– Болничките капацитети во Белград се преполни, а пациентите веќе со денови се испраќаат во ковид-болниците во внатрешностa. Ако продолжи вакват состојба, и тие болнички кревети ќе бидат преполни. Државата може да изгради нови болници, како и да организира медицински персонал кој ќе работи во нив, но за тоа треба време. Опрема и респиратори има, обезбедено е се на време, но сето ќе биде недоволно доколку бројот на инфицирани продолжи да се зголемува, истакнува Ранковиќ и додава:

Маркетинг

-Италијанското сценарио во Србија многу е можно докоlку се пополнат сите болнички постели и сите распиратори. Не можете да ставите двајца пациенти на респиратор, туку лекарите мора да исклучат еден за да приклучат друг. Токму како во воена состојба, болниците би биле преполни, а лекарите на самото место би проценувале кој од пациентите има поголеми шанси да преживее и нему ќе му пружат помош. За жал, тоа може да се случи и кон крајот на оваа недела, зошто помина доволно време од протестите во Белград, кога никој не водеше сметка за заштита од вируси, што може да доведе до зголемување на бројот на заболените, напоменува тој.

Сепак, Ранковиќ смета дека државата ќе направи сѐ до тоа да не дојде.

– Се надевам и се молам ваква ситуација да не се исполни. Ниту еден здравствен работник да не биде во ситуација да размислува кому ќе му пружи шанса за живот, а кого едноставно ќе го отпише. Уверен сум дека државата нема да го дозволи ова сценарио и дека ќе направи се што е во нејзина моќ за секој кој е заболен да добие адекватна здравствена нега. Но постои можност да дојде до најлошото, рече тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button