Оваа симпатична „плус-сајз“ девојка го копира стилот на Меган Маркл – и нејзиниот Инстаграм е НЕПРЕСУШНА инспирација за сите жени
Многу жени го копираат стилот на Меган Маркл
Но оваа „плус-сајз“ блогерка го прави тоа на посебен начин и преставува вистинска инспирација на жените ширум светот.
Таа го води својот блог „The 12ish” и ја застапува тезата дека секоја „плус-сајз“ дама може да носи што и да посака. И како своја голема инспирација ја наведува токму војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
Познатата блогерката Кејти Стурино има 36 години и секој модел што ќе го облече Меган ќе го прошета и таа.
Нејзината мисија е, како што вели самата, да докаже дека се што носи Меган можат да го носат и малку покрупните девојки.
Таа понекогаш знае да се прошета и во нешто што порано го носела Кејт Мидлтон.
Но Меган Маркл и е омилена.
Кејт секогаш нагласува дека со своите фотографии не го поставува прашањето на која и стои поубаво, туку само сака да ги инспирира и другите жени да бидат посмели и слободно да го носат она што го сакаат.
И како што можете и сами да видите од коментарите, публиката е воодушевена со секоја нејзина нова слика.