Новости

Оваа првата вечер ако е „Макфест”, јас сум Ерос Рамацоти- остра критика од новинарот Дуле Миќиќ

Голем број од пејачите по долги години повторно стапнаа на сцената, а оваа одлука ја донеле со цел да го вратат вистинскиот сјај на реномираниот фестивал.

Advertisement

Овој викенд очите на јавноста беа вперени кон Штип, каде се одржа 38. „Макфест “.

Advertisement

На 20 октомври се случи првата фестивалска вечер предвидена за претставување на нови лица од музичката естрада, а вечерва на 21 октомври сцената беше за познатите и веќе докажани македонски пејачи.

Голем број од пејачите по долги години повторно стапнаа на сцената, а оваа одлука ја донеле со цел да го вратат вистинскиот сјај на реномираниот фестивал.

Advertisement

Низ годините „Макфест“ вадеше бројни хитови кои се слушаат и ден денес. Секое издание значеше собирање на семејството пред телевизорите со нетрпение да се слушнат новите македонски песни. На макфестовската сцена покрај домашната естрада публиката уживаше и во појавувањето на регионалните ѕвезди.

Критиките за „Макфест“ оваа година се претежно позитивни, учесниците пренесоа убава атмосфера и се задоволни од тоа како е организиран фестивалот, но постојат и негативни критики, па така новинарот Дуле Миќиќ, видно разочаран од првата фестивалска вечер, на својот Фејсбук профил напиша :

Оваа првата вечер ако е “Макфест” – Јас сум Ерос Рамацоти! Или ова е некоја аудиција за “Звезде Гранда”??? Млако! Единствената светла точка, вечерва, од пејачите, се Лидија и Силви, и нешто малку Кристина Димитри во дует со Љубомир Перуќица! На фестивалот му фалат ѕвездите, а секако и хитовите. За втората вечер најавија дека ќе има популарни естрадни имиња…а, за хитовите сигурен сум дека ќе причекаме (песните да заживеат)!- сотои на објавата.

На некои штипјани, пак, не им се допадна тоа што оваа година имаше неколку хип-хоп песни.

Напишете ни во коментар под објавата, како вам ви се допадна „Макфест“ оваа година? И имате ли веќе фаворит песна ?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button