Реклама
Наши ѕвезди

Оваа песна од Тоше Проески ја расплака публиката на концертот на Јелена Карлеуша во Скопје (видео)

Концертот на Карлеуша доцнеше заради големата гужва пред Јане Сандански, а најемотивен момент беше кога ДНК запеаја песна во чест на Тоше Проески

Реклама

Балканската поп-дива Јелена Карлеуша вчера одржа концерт за паметење во спортската сала Јане Сандански во Скопје.

Пред самиот почеток на концертот на влезот имаше толку голема гужва, што концертот мораше малку да задоцни додека да влезат сите.

На концертот беа присутни и многу наши познати ѕвезди, а посебно интимен беше моментот кога момците од ДНК, кои се појавија како предгрупа на Јелена Карлеуша, во чест на нашиот легендарен пејач Тоше Проески ја запеаја песната „Громови на душа“.

Маркетинг

Инстаграм

Публиката веднаш со нив во еден глас ја пееше песната, а емоциите кулминираа кога сите ги запалија светлата од мобилните во чест на Тоше.

Маркетинг

Инстаграм

Инстаграм

Потоа се појави поп-дивата во поприлично атрактивен комбинезон, прекриен со блескави циркони и направи одлична забава.

Инстаграм

Најголемата балканска поп-дива концертот го започна со нејзината песна „Karlyb*tch“ од која публиката се воодушеви, па веднаш почна да ги пее стиховите заедно со неа.

Инстаграм

Потсетуваме, Карлеуша по издавањето на своите два успешни албуми „Алфа“ и „Омега“ својата турнеја ја започна низ Србија, а со концертот во Македонија ја започнува и регионалната турнеја низ целиот Балкан.

Инстаграм

И како што пренесуваат и српските медиуми воодушевени од концертот на Карлеуша во нашиот главен град, арената беше исполнета до последно место, а пејачката приреди вистински спектакл за кој со недели се подготвуваше.

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Бонус видео

Тоше Проески, Громови на душа

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button