Вести

ОВАА НАТПРИРОДНА РАБОТА ИМ СЕ СЛУЧУВА НА ЛУЃЕТО МЕСЕЦ ПРЕД СМРТТА: Медицинска сестра откри ЗНАК што најавува умирање

Advertisement

Медицинската сестра и негувателка од Лос Анџелес, Џули Мекфејден, со години работи во одделот за палијативна нега, па често има близок контакт со луѓе кои умираат и ги сведочи нивните последни денови, дури и часови и минути.

Таа секојдневно на својот TikTok зборува за оваа непопуларна и секако недоволно истражена тема, запознавајќи ги обичните луѓе со концептот на смртта и што таа носи.

Advertisement

фото пекселс

Таа заинтригира милиони минатата година тврдејќи дека постои еден заеднички знак дека смртта е близу.

Имено, Џули тврди дека визии или привиденија се случуваат многу често кај луѓето кои умираат, односно можат да ги видат своите сакани кои веќе починале, па дури и да разговараат со нив. Исто така, веруваат дека дошле по нив или дека дури и престојуваат во иста соба со нив.

фото пекселс

„Ова е утешен факт за смртта и умирањето. Најлудото нешто што го гледаме во болницата е тоа што повеќето луѓе ги гледаат починатите роднини, пријатели, сакани или дури и домашни миленици пред да умрат“, вели оваа негувателка.

„Тоа не се случува само неколку дена пред да умрат, може да се случи месец и половина пред да умрат. Немаме поим зошто тоа се случува. Не велиме дека тие всушност ги гледаат овие луѓе.

фото пекселс

Не знам. Но, сè што можам да кажам како здравствен работник, кој е во оваа работа многу долго време, е дека тоа се случува постојано“, додаде таа.

Таа истакна дека визиите на луѓе кои умираат се толку чести што вработените во палијативната нега редовно го информираат семејството на пациентот за темата пред да се случи.

фото пекселс

„Обично е добар показател дека личноста се приближува кон смртта, тоа обично се случува еден месец или неколку недели пред да умре. Ова ми носи утеха и се надевам дека ќе ви донесе утеха“, вели Џули.

Видеото беше прегледано повеќе од половина милион пати, но предизвика и бројни коментари – многумина опишаа такви искуства на своите најблиски.

„Мајка ми последното утро кажа дека веќе може да ја види баба ми, која почина пред 42 години. Во нашата култура, веруваме дека нашите најблиски кои умреа пред нас доаѓаат да не одведат на другата страна“, напиша еден од TikToк.

фото пекселс

„Мојата свекрва и кажуваше на нејзината сестра дека нивната покојна мајка и го пакува куферот и и одбрала фустан за долго патување“, „Имав пациент кој ми кажа дека неговото починато куче било на крајот од кревет”,

“Мајка ми често зборуваше дека разговараше со мојот покоен татко и нејзината покојна сестра. Се започна еден месец пред да умре, а не беше тешко болна”, се дел од коментарите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button