Оваа млада дама е првата жена аналоген астронаут од Македонија – ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НЕЈЗИНИТЕ ФОТКИ, ЌЕ СЕ ВООДУШЕВИТЕ!
Мартина Димоска или позната и како Марта Девилиш стана првата жена аналоген космонаут од Македонија…
Марта задно со своите колеги ќе останат во балонот 21 ден и ќе истражуваат за продолжена мисија на Марс.
Марта Димоска е Македонка која ја има една од најнеобичните професии за нашето поднебје – таа е магистер за вселенски науки, а сега ќе биде и првата жена аналоген астронаут од Балканот која заедно со уште двајца свои колеги, дипломирани студенти на Универзитетот во Северна Дакота во САД, ќе ја започнат 14-та мисија во аналогното живеалиште.
Екипата од тројца астронаути 14-та мисија ја започна на 17 октомври во аналогното живеалиште финансирано од НАСА.
Тоа не е толку студено како температурите на Марс, каде според Националната метеоролошка служба на САД, во просек изнесува 81 степен под нулата.
Марта задно со своите колеги ќе останат во балонот 21 ден и ќе истражуваат за продолжена мисија на Марс.
Димоска е меѓународна студентка од Македонија, која учествува на студии на овој универзитет. Таа заедно со своите колеги ќе се фокусира на различни експерименти, почнувајќи од летови со беспилотни летала до теренски тестирања на подобрената верзија на костумот за астронаути.
Запрашани само неколку моменти пред астронаутите да влезат во живеалиштето, тие рекоа дека се чувствуваат „среќни“ и „возбудени“ што ќе бидат вклучени во една ваква мисија.
Тие ќе останат во заградениот простор најмногу 21 дена, или додека временските услови дозволуваат мисијата да продолжи.
„Мислам дека ќе биде непречена мисија и подготвени сме за многу истражувања“, изјави Димовска, пишува порталот на универзитетот.
Како дел од посебен истражувачки проект, астронаутите ќе симулираат и летови со беспилотни летала што би можеле да се случат на површината на Марс, а од роверот потоа ќе распоредат вистински дрон за да лета во близина на структурата. И тие ќе го прават тоа додека се приклучени на електроенцефалограм за да ја снимат нивната мозочна активност.
И покрај временското задоцнување во комуникацијата, Димоска зa UND.EDU изјави дека е уверена дека добро ќе ги извршуваат своите задачи.
„Имаме добра екипа, имаме добра врска“, рече таа. „Досега сé се одвива без проблеми. Знаеме како да работиме заедно и навистина сме возбудени за истражувањето што ќе го направиме“.
Инаку, Димовска покрај својата необична професија работи и како „косплеј“ модел и е поприлично активна на социјалните мрежи. На нејзиниот профил често објавува интересни фотографии на кои е во различни улоги, инспирирани од стриповите, видео игрите и филмовите, но овој пат, таа е пресреќна за својата нова животна улога.
Таа не крие колку е возбудена што е дел од мисијата, посебно што со овој чекор таа е првата жена што стана анологен астронаут од Македонија , па дури и од целиот регион, што посебно ја прави среќна и горда за овој чин.
Инаку, аналогните мисии всушност се симулации спроведени на Земјата на локации кои имаат физички сличности со екстремните услови со кои ќе треба да се соочат вселенските патници на нивното патување.
Тие се еден вид на проба што им овозможуваат на вселенските агенции да ги тестираат сценаријата за управување со кризи, како и да ја испробаат новата опрема пред да се користи во вселенските мисии.
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска
Фото: Инстаграм/ Марта Димоска