Реклама
Вирално

Оваа мајка пред 21 година роди седумка и го шокираше светот – близнаците пораснаа, погледнете како изгледаат денес (фото)

Реклама

Боби МегКаугеј и нејзиниот сопруг Кени имаа само една ќерка кога решија повторно да се остварат во улога на родители.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

За да бидат сигурни дека Боби ќе остане бремена одлучија да пробаат третман со урофолитропин – во прашање е лек за стимулирање на овулација кој дополнително ја подготвува жената за бременост. Во нивниот случај третманот не само што беше успешен, туку и подобар од планираното – тие наскоро дознаа дека чекаат седумка. Па така наскоро овој пар се запиша во историјата бидејќи станаа први родители чија седумка доживеа полнолетство.

Господ им ја одреди судбината

„Секогаш ќе се сеќавам на денот кога прв пат дознавме дека ќе имаме седумка. Тоа не беше само радост, имаше и многу страв, но, Господ ја одреди нивната судбина“, вели денес мајката на седумте близнаци.

Маркетинг

Кога дознала дека чека седумка, докторот и кажал дека најискрено ја советува четири од нив да пометне, за останатите три да имаат шанси да преживеат Но Боби инсистираше на тоа да ги задржи сите бебиња. И како што докторите и ја предупредиле мајката, двајца од близнаците имале церебрална парализа и гастроезофагеална рефлуксна болест, заради која по породувањето мораа да бидат на цевки за хранење.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Седумка од рајот

И кога во 1997 година мајката се породи, за нив пишуваа сите. И не само тоа, во згрижување на децата се вклучија и тогашниот претседател Бил Клинтон и водителката Опра Винфри. Ги нарекуваа „седумката од рајот“, а кога новинари од целиот свет го окупираа скромниот дом во кој живееше парот и кога видоа во какви услови живеат, луѓето почнаа да се организираат и одлучија да помогнат. Помеѓу останатото, донациите што беа собрани за семејството вклучуваа и поголема куќа, во која живеат и денес, како и големо семејно комби, пелени за првите две години, како и стипендии за било кој факултет во Ајова.

Маркетинг

Тие денес се возрасни луѓе

Секако дека на почетокот беше најтешко. Цело време имаше некоја работа. Близнаците пиеја по 42 шишенца млеко дневно и трошеле 52 пелени. Како растеа, растеа и трошоците, но не и интересот на медиумите и на луѓето за нив. Но првиот налет на возбуда помина, луѓето ги заборавија, а Боби и Кени мораа цело време да бидат штедливи, и да ги научат децата на скромност. И тие успеаја во тоа.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Тие денес се возрасни луѓе. благодарение на донациите што ги собраа нивните родители пред тие да се родат завршија факултет и ги избраа своите судбини.

Кени и Боби се горди на нив.

„Најдобрата одлука што ја донесов во животот е беше да ги задржам сите бебиња“, заклучува денес Боби.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button