Реклама
Новости

Оваа мајка е херој – НЕ се откажа и го носеше бебето до терминот за породување за да ги донира органите на други

Реклама

Кога беше во четврти месец од бременоста, Криста Дејвис и нејзиниот сопруг Дерек дознаа нешто шокантно. На нивната неродена ќерка и беше дијагностицирана аненцефалија (аномалија во развојот на нервниот систем).

Ова е многу сериозна вродена аномалија поради која фетусот се развива без дел од мозокот. Во случајот со Рајла Аркадија Ловет, како што веќе беше именувана од родителите, мозокот бил толку лошо развиен што лекарите понудиле две опции. Може да се откаже од бебето уште додека е во матката или да го дочека терминот за да се породи и да ги донира органите на бебињата на кои им се потребни.

Маркетинг

„Ако не можам да го донесам моето дете дома, решив да им дадам можност на другите да го направат тоа”, изјави оваа мама за News Channel 9. Таа уште пет месеци го носеше девојчето и на тој начин даде време да порастат нејзините органи и да се развијат до крај. Докторите тогаш и соопштиле дека Рајли најверојатно ќе биде жива околу половина час, бидејќи ваквите бебиња начесто живат само неколку часови, но Рајла успеа да издржи цела недела.

Маркетинг

„Не можам да ви кажам колку е неверојатно ова чувство. Мислите дека ќе имате само половина час со вашето дете, а добивте седум дена “, вели Криста која заедно со сопругот постојано биле со малата Рајла. „Мислам дека тоа време не би го менувала за ништо на светот“, напиша Криста на Фејсбук страницата која ја посвети на својата ќерка.

Рајла беше на операција, но поради губење на кислород само дел од органите беше спасен.

„Ми кажаа дека би ги искористиле за да спасат две други бебиња, а и нејзините бели дробови ќе се искористат за истражување на аненцефалија”, додава Криста кој е среќна, иако е во огромна болка, бидејќи знае дека некоја друга мајка некаде во своите раце држи дел од нејзината Рајла.

Фото: Фејсбук

Поврзано

Back to top button