Реклама
Наши ѕвезди

Оваа мајка е инспирација за сите жени: По 25 години без работи создаде милионска империја од супата што ја готвеше секој ден

Реклама

Додека на шпоретот готвела пилешки и свински нозе, Максин Лејсби од Вулверхемптон (Англија) се присети како нејзините две ќерки, тинејџерките Дарси (сега 22) и Марго (19) ги превртувале очите и ги стискале носевите со прстите и ја прашале: „Уште една твоја луда идеја мамо?“.

Меѓутоа, идејата воопшто не била луда и се утврдили дека Максин токму таквата супа ќе ја претвори во бизнис вреден милиони фунти. Нејзината приказна е инспирација и доказ дека секогаш може да се успее ако се верува во себе.

Маркетинг

Максин всушност е дислексична, ама АДХД нарушување и никогаш не работела како претприемач. Последната работа ја вршела на 25 година, а кога ја добила првата ќерка се посветува на нејзиното растење.

„Готвев, чистев, ги развозував со автомобил и секогаш бев на услуга. Кога моите деца отидоа на студии, имав чувство дека повеќе не им требам. Се разведов од сопругот пред 10 години и конечно бев сама“, раскажа Максин.

Супа за закрепнување

Се посветила на проучување на производи за нега, а за таа цел морала да го истражи и своето тело, природно, какво е. Мајката на две деца признава дека тогаш се чувствала несигурно и ранливо, а и недостасувала и самодоверба.

Маркетинг

Во тоа време не се хранела здраво, а дневното прескокнување на оброците би завршило со јадење пакетчиња кекс во вечерните часови. А тогаш Максин слушнала како луѓето готват супи од коски за да се чувствуваат подобро.

https://www.instagram.com/p/CEoL8_2gaHE/

“Ќе земев поголеми пилешки коски или оние кои останале од печеното месо, а потоа ги готвев во три литри вода шест часа. Кога супата ќе се оладеше се претвораше во желатинска смеса. Пиев супа секој ден, а две недели подоцна престанаа да ме болат коските, косата ми беше погуста, а белките стануваа побистри“, раскажа успешната бизнисменка.

https://www.instagram.com/p/CE1EfsagzNO/

Било тоа момент кога на Максин и се запалила светилката, посебно кога бројни пријатели и давале комплименти за подобрениот, посјаен изглед. Наскоро и тие, вели Максин и станале заморчиња, а Максин одлучила да ги подготвува сопствените производи за убава кожа, коса и поздрави коски. Бидејќи парична поддршка не можела да добие од банка, кренала хипотека на куќата и влетала во ризик кој после секако мултимилионски ѝ се исплатил.

https://www.instagram.com/p/CFEe_QjAVMS/

После бројните испитувања, истражувања, проучување на конкуренцијата и консултациите со научниците формулата за течен еликсир полн со колаген била готова. Но, потоа требало да се најде производител, производот да се тестира и маркетиншки да се подготви теренот за продажба на производот преку социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/CEgbRnTH6Vi/

Жените се поспособни отколку што мислат

На почетокот ништо не одело сосема мазно. Поради неуспешните маркетиншки планови, продажбата не течела лесно.

Максин повторно морала да ги вложува сопствените пари, но не се откажала. На крајот приходите почнале да растат, а во првата година заработила околу половина милион фунти.

https://www.instagram.com/p/CDLhLpfnK7s/

„Не знаев да го вклучам компјутерот до својата 50. година. Се што знаев е резултат на моето мајчинско искуство. Секогаш има велам на жените: „Вие без сомнение сте поспособни отколку што мислите дека сте“. Мажот за себе ќе рече дека може да изврши 80 отсто од работата“, заклучи Максин која минатата година оствари приход од 10 милиони фунти.

https://www.instagram.com/p/CCx1rVUgEyy/

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button