Реклама
Вирално

Оваа мама се пофали со трудничкиот стомак – го чека своето 22 бебе!

Реклама

Најголемото семејство во Велика Британија е навистина големо

Фото: Инстаграм/ theradfordfamily

Тоа за два месеци ќе брои 24 члена – двајца родители, 21 дете и едно бебенце кое наскоро треба да се роди. Имено, 44 годишната Суи Расфорд наскоро треба да се породи и тоа ќе биде нејзиното 22 дете во животот.

Гордата мама својот напредок редовно го бележи на социјалните мрежи и за сега има преку 200.000 фанови со кои сподели како изгледа нејзиниот труднички стомак во 30. недела од бременоста.

Маркетинг

„Толку сум горда што во мојот стомак пораснаа 22 дечиња“, напиша Суи и заработи скоро 15 илјади лајкови за неполни два часа, но и бројни пораки со поддршка и охрабрување за она што ја чека за два и пол месеци.

Фото: Инстаграм/ theradfordfamily

Ќе роди девојче

„Ми се чини дека со секое ново бебе изгледаш поздраво. Очигледно си одличен родител“, коментираше една жена под нејзината фотографија на социјалните мрежи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ theradfordfamily

Оваа неверојатна мама живее со својот 48 годишен сопруг Ноел. Тие со своите 21 деца живеат во куќа со десет спални соби, а единствениот извор на приходи им е платата на Ноел кој работи како пекар и околу 170 фунти детски додаток што го добиваат секоја недела од државата.

Фото: Инстаграм/ theradfordfamily

И додека современите родители одвај одлучуваат и за едно дете, ова семејство наскоро ќе живее со 22 свои деца.

Фото: Инстаграм/ theradfordfamily
Фото: Инстаграм/ theradfordfamily

Браво!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button