Можноста за ултразвучни грешки при одредување на полот на бебето во модерното време е речиси невозможно, но сепак се јавуваат. Тоа го доживеа Ненси Реј, мајка на три деца.
Ненси ги сподели деталите за третата бременост на нејзиниот профил на Инстаграм, веселејќи се на доаѓањето на третото дете како „трета принцеза на тато”.
Размислувајќи дека очекувала трета девојка, Ненси отиде на пораѓај, и таму го доживеа најголемото изненадување во нејзиниот живот. Имено, моќната фотографија на раѓањето на трето бебе ја овековечи фотографката Лорен Џоли која го фати вистинскиот момент кога Нанси сфати дека не родила ќерка туку син! На нејзиното лице додека го гушка бебето се гледа насмевка, но водено и радост и шок.
https://www.instagram.com/p/BxBRAFrllYS/?utm_source=ig_embed
Покрај големото изненадување на мајката и сопруг, и другите не можеа да поверуваат дека имаат син. Ова е дефинитивно една од моите омилени слики во мојот живот”, пишува Реј под оваа прекрасна фотографија.