Реклама
MAMAБебињаДом и семејство

Оваа мама откри како изгледа бракот кога имате семејство: „Бракот ме претвори во влакнеста, ужасна жена. Се депилирам еднаш во годината“

Реклама

Понекогаш е тешко да се балансира улогата на родител и улогата на љубовница.

Романтични патувања, долги топли тушеви, ненадејни патувања за викенд се само некои од работите од кои што оваа мајка на четири деца, Мел Вотс, мораше да се откаже. Листа на работи кои совршено го опишуваат степенот до кој животот на повеќето луѓе се менува по доаѓањето на децата е всушност мноооогу подолг.

Маркетинг

Оваа мајка блогерка, кој ги споделува среќните моментите од семејниот живот на социјалните мрежи, допре до оваа тема за што многумина молчат. Поточно, за љубовните проблеми со партнерите и призна дека улогата на мајка ја претворила во „влакнеста, ужасна жена”.

„Ако некој ми речеше пред многу години дека мојата врска ќе се смени еден ден и ќе стане ваква, ќе се смеев и ќе кажам дека нема шанси”, вели Мел.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BuBKYk2nCGT/?utm_source=ig_embed

Инаку, Мел е во брак со Нолан седум години и имаат четири деца. „Ние ја поминуваме вечерта  надевајќи се дека нема да станиенекое од децата и да плаче”, искрено напиша таа во еден пост и откри дека почнала да размислува за овој проблем кога плачела во кревет една ноќ додека нејзиниот сопруг, уморен од работа, почнал да `рчи.

„Бев лута на него. Бев лута на себе што се променив”, продолжи таа, додавајќи дека не знаела дека ниту еден од нив не е виновен за ова.

Во нивните животи веќе не постојат нежни, романтични пораки, туку само оние во кои се информираат што им е потребно за да купат или да се вратат на работа.

https://www.facebook.com/Themodernmumma/photos/a.328510800687187/1089769714561288/?type=3&theater

Очекувано, нивниот сексуален живот најмногу страда, па признаваат дека еднаш годишно излегуваат. „Децата станаа приоритет и во одреден момент ќе мораме да научиме да ја ставиме врската на врвот на листата на приоритети”, заклучи таа, истакнувајќи дека животот не се променил на лош начин, туку едноставно е различен. „Сѐ уште сум многу заљубена во мојот сопруг”, напиша таа на крајот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button