Оваа македонска Гранд ѕвезда ги поместува границите – финалистот се преполови, па ги изненади сите
Она што го направи тој, ретко кој се осмелил, пишуваат медиумите од регионот за него
Пет големи хитови што звучат многу поразлично и кои ги воодушевија сите уште на прво слушање
Македонската Гранд ѕвезда, Огнен Здравковски, ги израдува сите што сакаат да слушаат добра поп музика.
Имено, Огнен заедно со својот бенд снимаше неверојатен микс од кавер песни кои ќе воодушеват многумина уште од прво слушање.
Станува збор за песни кои се познати на целиот Балкан и кои со години се слушаат во сите поранешни југословенски републики.
Принтскрин/ Јутјуб
Но Огнен со својот бенд ги изведе во потполно ново руво, а ако судиме според коментарите на Јутјуб, сите се воодушевени.
Принтскрин/ Јутјуб
Потсетуваме, Огнен се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде беше во тимот на Марија Шерифовиќ и го освои петто место.
Некогашниот финалист во ова талент-шоу никогаш не криел дека натпреварот му го променил животот од корен.
Принтскрин/ Јутјуб
И тоа не само кога е кариерата во прашање, туку и приватниот живот, а во една пригода откри дек и малку фалело да не се пријави.
Инстаграм/ Огнен Здравковски
„Малку фалеше да не се појавам, мојата сестра ме пријави. Зборував дека мене нема да ме изберат, а јас успеав да дојдам до финалето и да го освојам петтото место“, изјави Огнен во една пригода за „Гранд“.
Инаку тој по шоуто го промени имиџот, но успеа и да ослабне 15 килограми за што и самиот се пофали во „Гранд парада“.
Инстаграм/ Огнен Здравковски
„Кога и да ме видеше, ми зборуваше дека морам да ослабам“, изјави тога Огнен за Саша Поповиќ, а потоа го додаде и следново:
„Ете, го послушав. Сега се чувствувам како нов човек“, истакна тогаш Огнен откривајќи дека успеал да симне 20-на килограми.
Инстаграм/ Огнен Здравковски
„За пет месеци симнав 20 килограми, ама имав напорни тренинзи и ригорозна диета“, се пофали тогаш Огнен.