Оваа Македонка ја направи бајковитата венчаница на Викторија Лоба – погледнете ги и останатите креации, ќе се воодушевите!
Тие заради пандемијата ја одлагаа свадбата
Викторија Лоба организираше величествена венчавка во преубавата црква Свети Јован Канео во Охрид.
Нашата позната пејачка Викторија Лоба се омажи за својот долгогодишен избраник Ѓорги Калешов, а за нејзината венчаница сите зборуваат.
На церемонијата присуствуваа пријателите и најблиските роднини, а Лоба цело време беше со насмевка на лицето.
Младоженецот за оваа пригода избра сиво сако, панталони и патики, додека Викторија блескаше во бајковитата креација.
Таа е истовремено и едноставна и оригинална, но и достојна и за најгламурозниот црвен килим во светот.
Пејачката избра креација со шлеп од неколку метра, со отворен грб и длабоко деколте, а е со потписот на нејзината пријателка и познатата македонска дизајнерка, Моника Коцарева Ергиќ.
Горниот дел од предната страна на венчаницата е со длабоко деколте во „V“ израз, а дополнителен ефект русокосата Викторија постигна со косата врзана во плетенки.
Во продолжение погледнете уште неколку креации од Моника и од нејзиното Ателје Коцарева.
Бонус галерија
Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva
Фото: Фејсбук/ Atelier Kocareva