Оваа Македонка и љубовта на нејзиниот живот важат за НАЈУБАВИОТ ПАР од „Ѕвездите на Гранд“ (фото)
Еве и кој е виновен за оваа голема љубов
Оние што го следат популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“, сигурно се сеќаваат на Александар Гуте Маринковиќ и Елена Миленковска.
Тие се натпреваруваа пред неколку сезони, кога за време на натпреварот помеѓу нив се роди вистинска љубов.
По неколку месеци забавување, тие решија и да застанат на лудиот камен, а круна на нивната љубов се синот Максим и ќерката Миона.
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Имено, Елена и Гуре се натпреваруваа во сезона 2018/2019 кога и двајцата беа кај менторката Ана Бекута која и ги спои.
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
По финалето заедно со колегите го посетија Скопје, а потоа и Охрид, каде нивната љубов прерасна во сериозна приказна.
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
По неколку месеци тие се заколнаа на вечна љубов, а набргу потоа пристигна Максим, па и Миона по две години.
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Тие и денес на социјалните мрежи споделуваат заеднички објави кои зрачат со романтика и љубов, и двајцата не криејќи ја својата среќа и радост што ја пронашле својата сродна душа.
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Во една пригода поразговаравме со Елена за тоа како се снаоѓа во мајчинска улога за што вели дека ужива во секој момент.
„На почетокот ништо не ми беше јасно, што е и нормално, но како поминуваше времето беше сé подобро и полесно. Животот стана поинтересен, најљубовен, полн со среќа и сема, но исто така и со грижи. Многу созреав и секојдневно созревам покај децата како личност, но и како родители“, ни откри тогаш ова прекрасна млада дама од Македонија за чија љубов велат дека е една од најсилните и најголемите што се родила во „Ѕвездите на Гранд“.