Оваа Македонка и на 44 години нема ни грам целулит – погледнете и го телото, грми на плажа (фото)
Познатата убавица ужива во топлите септемвриски денови
Поранешната манекенка ги воодушеви сите со својата последна објава
Водителката Вера Мештеровиќ (44) ужива во топлото време, а нејзината снимка во костим за капење го запали интернетот.
Поранешната манекенка која веќе со децении е присутна во медиумите, реши да ги искористи сончевите септемвриски денови, па со својата најнова објава на социјалните мрежи покажа како ужива.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Вера и претходно, во текот на летните месеци, имавме прилика да ја видиме во лежерни и вистински летни изданија, но овој пат некогашната Мис на Македонија објави снимка со која ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Имено, таа се самата се снимаше додека лежи на плажа и се мачка со крема за сончање и никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Таа лежеше на својот пешкир и ја вклучи камерата, облечена во дводелен костим за капење со кој го истакна своето витко тело.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Инаку, поранешната Мис на Македонија од бракот со фудбалерот Игор Кралевски има две деца, синот Андреј и ќерката Јована.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Вера и Игор беа десет години во брак, но пред пет години решија да се разведат и секој да продолжи по свој пат.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Мештеровиќ во 1996 година беше прогласена за најубава жена во Македонија, но таа и денес плени со својата убавина.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
За неа велат дека е како виното, колку е постара толку е поубава и пораскошна, така што и ден-денес под секоја објава секогаш добива бројни комплименти од своите бројни обожаватели.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Впрочем дека годините се само бројка за неа покажува и ова нејзино издание на кое многу нејзини помлади колешки можат да и завидуваат.