Поп дивата Јелена Карлеуша и нејзиниот се уште легален сопруг Душко Тошиќ се уште не се огласиле по сите вести дека повеќе не се заедно.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Иако не сака да зборува за Душко и јавно ги избегнува тие прашања сепак јавноста сака да знае каков е односот меѓу пејачката и поранешниот фудбалер.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Јелена неодамна го издаде својот нов албум а изјавата која ја даде по промоцијата особено даде надеж дека таа и Душко повторно би можеле да станат омилен пар од српската јавна сцена.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
– Можам да кажам дека сум креатор на многу текстови на двата албума и во секој од нив има по нешто од мојот приватен живот. А, Душко е дефинитивно некој кој е дел од мојот живот – изјавила Јелена за Стори, коментирајќи ја песната „Ја“, за која постои сомневање дека му е посветена на Тошиќ.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Сега во јавноста излезе веста дека Душко Тошиќ е во врска со колешка на Карлеуша, пејачката Ина Гардијан.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Како што ексклузивно објави српски Информер, фудбалерот е во врска со седум години помладата пејачка Ина Гардијан, а во последно време нивната романса станала толку сериозна што дури размислувале и за брак.
фото инстаграм/Катарина Гардијан
Како што изјавил изворот за Информер, парот не ја крие својата љубов, па биле видени и како разменуваат нежности на сплав во главниот град, на приватна забава.
фото инстаграм/Катарина Гардијан
– Катарина таа вечер пееше на приватна прослава на Ада, каде што беше и Душко. По некое време, кога повеќето гости си заминаа, почнаа да разменуваат нежности пред присутните – рекол изворот за Информер додавајќи:
фото инстаграм/Катарина Гардијан
– Нивната врска е сериозна, се што го спречува Тошиќ да ја запроси Катарина е тоа што Карлеуша не му даде развод. Тие двајца често патуваат и се неразделни – рекол изворот.