Оваа згодна бринета со зелени очи и 180 сантиметри важи за една од НАЈУБАВИТЕ жени во Македонија, па и на целиот Балкан!
За неа времето како да не постои
И покрај тоа што поминаа 10, па и повеќе години, нашата позната манекенка, Катарина Ивановска, на фотографиите изгледа речиси идентично.
Таа речиси воопшто се нема променето од почетокот на својата кариера, а нејзиното тело како никогаш да не поминало низ процесот на бременоста.
Тоа дека генетиката е на нејзина страна, ќерката на Кире Ивановски, ракометарот на Вардар кој играше и за репрезентацијата на Југославија, го покажа и со тоа што само месец дена по породувањето изгледаше совршено.
И така беше и со двете нејзини бремености, а и сега изгледа како во најдобрите денови.
Кога и да објави фотографија на својот профил, фановите и порачуваат дека изгледа прекрасно.
Таа не ретко објавува и стари фотографии, а дали и колку се променила, погледнете во продолжение.
Пред вас се фотографии кои настанале пред 10 и повеќе години, на бројните ревии и модни едиторијали што ги има снимано од почетокот на својата богата кариера.
Па дали Катарина се променила и дали на нејзиното лице се забележуваат промените може да видите од фотографиите во продолжение, но мислам дека ќе се согласите со нас дека манекенката и ден-денес изгледа витко, згодно, атрактивно и речиси непроменето за сиве овие години.
И додека беше во блажена состојба таа редовно објавуваше фотографии со трудничкото стомаче, а за кратко време откако ја роди ќерката Кира, таа повторно се врати во топ форма. Впрочем како и во првата бременост, кога пред нешто повеќе од три години го роди синот Вања.
Катарина и додека беше бремена водеше сметка редовно да тренира и здраво да се исхранува.
Таа кариерата како манекенка ја започна во 2004 година на Миланската модна недела, по освојувањето на Look Models International кастингот за македонските модели. Веќе во декември 2004 се појавува во едиторијал за магазинот Elle, а се има појавено и во италијанското и руското издание на Vogue. Се има појавено на насловните страни на магазините Diva и Máxima, и во реклами за D&G во 2006. Во 2010, Ивановска се појавила во српскиот магазин Elle. Во 2011 потпишала договор за рекламирање на продуктите на Викторија Сикрет, а веќе во следната дебатира како глумица во филмот „Трето полувреме“.