Оваа згодна баба има 63 години и излегува само со помлади мажи – откријте ја нејзината тајна за младешки изглед (фото)
Лесли Максвел има 63 години и е доказ дека годините ништо не значат ако сакаш да се чувствуваш, но и да изгледаш на одреден начин.
Лесли стана хит на интернет бидејќи има 63 години и се уште изгледа како змеј. Убавата Австралијанка го откри рецептот за нејзината младоликост. Таа пет пати во неделата посетува теретана, а како што вели самата, редовните тренинзи и помагаат да ги победи годините. Од фотографиите можеме да видиме дека воопшто не се шегува кога го вели тоа.
„Обожавам фитнес и здрав начин на живот. Затоа и бев одлучна да ја пронајдам формулата со која моето тело подолго време ќе изгледа младилико“, објасни Лесли. Таа на 48 години почнала професионално да се занимава со фитнес, а веќе следната година ја освои и првата награда во фитнес.
Без разлика што денес има 63 години, својата рутина во вежбите ја нема променето, име три внука и истакнува дека сака да биде во близина на млади мажи.
Отсекогаш ми пристапувале млади мажи, а бидејќи така и самата се чувствувам, врските со нив одлично ми функционираат. Сите мои партнери се помлади од мене, вклучувајќи го и мојот поранешен сопруг од кого бев 13 години постара, објаснува Лесли.
Таа додава дека денес е посреќна и посигурна во себе отколку кога била млада. Има многу пријатели, но и голем број обожаватели во теретаната во која што вежба.
Таа навистина е супербаба!