Реклама
Вирално

Оваа жена тврди дека се има спријателено со изолираното племе кое никого не остава жив

Реклама

По убиството на мисионерот кој се обиде да им се приближи, изолираното племе Сентинел, се најде во фокусот на јавноста.

Иако се познати по нивната изразито непријателство кон посетителите, и навистина ретки се оние кои им пристапиле и извадиле жива глава, една жена, наводно, сепак успеала да се спријатели со нив. Тоа е Мадхумали Катопадјај, антропологот, кој многу сакаше да направи контакт со нив, уште кога беше 12-годишно девојче, пишува „Bored Panda“, а тоа на крајот и успеало. Пред тоа, таа поминала шест години проучувајќи ги изолираните племиња и нивната култура.

Маркетинг

„Ниту едно изолирано племе никогаш не сторило ништо лошо. Можеби технолошки се заостанати, но во социјални ситуации, тие се далеку понапредни и од нас”, вели оваа жена во нејзиното интервју за еден магазин.

Маркетинг

Во 1991 Мадхумали ја поведе експедицијата кон островот, според индискиот магазин „Probashi“, а кога бродот се приближи до територијата на племето почнале во водата да фрлат кокоси за да им дадат до знаење дека доаѓаат во мир. Кога членовите на племето влегле во водата и почнале да ги собираат плодовите, и таа наводно, се симнала во водата и така го направила првиот контакт со нив.

Според пишувањето на овој магазин, таа била првиот посетител кое племето не го избркало со оружје, и се верува дека и помогнало тоа што била жена.

https://www.youtube.com/watch?v=HxnPbHsbTSk

 

Следниот пат кога дошла, племето ја пречекало многу помирно, а наводно и самите почнале да се качуваат во чамецот за да земат кокосите.

Во наредната експедиција, пишува во магазинот, таа го посетила племето Јарава, кое е помалку непријателско и тврди дека таа станала првата жена во историјата што контактирала со нив. Отпрвин, ќе останала на чамецот, бидејќи не сакала да ги исплаши, но кога нивните жени ја забележале, почнале да ја викаат. Наскоро ѝ се приближиле и почнале да ја испитуваат нејзината кожа и коса, и кога внимателно ја прегледале, добила позитивна реакција. Жените, очигледно, брзо ја прифатиле, па дури и ѝ дозволиле да ги држи нивните деца и да им помогне во работата. Мадхумала, исто така вели дека таа била единствената личност што можела да влезе во нивните домови и да јаде со нив, а и им помогнала и во лечење.

Мадхумла моментално работи во индиското министерство, а како што известува „Bored Panda“, се смета за еден од најдобрите антрополози во светот.

Поврзано

Back to top button