Новости

Оваа жена со нестварна убавина е најплатена актерка во Турција и има срце како планина

Advertisement

Се сеќавате на оваа турска актерка со раскошна, нестварна природна убавина. Ја гледавме во неколку телевизиски серии – Туба Бујукустун е една од најпопуларните и најплатените турски актерки која во текот на својата кариера постигна буквално се.

Турските медиуми пишуваат дека има снимано филмови, ТВ серии, многу е популарна и на социјалните мрежи. На Инстаграм има над пет милиони следбеници.. Веќе соработуваше со Нетфликс на новата серија „Another Self,“. Но, Туба не е само убава, таа е жена со големо срце и амбасадор на УНИЦЕФ.

Advertisement

Фото: Фејсбук профил

Неодамна оваа турската актерка покрена лавина од контроверзни расправи на социјалните мрежи околу концептот на луксуз и лажниот сјај на богатството. Туба, која беше во фокусот на дискусијата поради нејзината изведба во серијата „Маслиновото дрво“ на Нетфликс, објави видео на својот официјален профил во кое јавно праша:

Advertisement

„Што е богатство? Да имаш многу пари и да можеш да купиш автомобили, млазни авиони и куфери со нив? Или тоа е поседување на уникатни парчиња? Едно парче, дали и некој друг го има? Или тоа е способноста да бидете само свои? Да се ​​биде едноставен, смирен, нормален или луд. Да можеш да бидеш свој, кој и да си, без да ти треба ништо друго, дали е тоа богатство?“, праша турската убавица и отвори жестока дебата.

Фото: Фејсбук профил

Убавата Туба е родена на 5 јули 1982 година во Истанбул, Турција. Таа има семејни врски и со турскиот град Ерзурум, од каде што се нејзините родители.

Фото: Фејсбук профил

На Универзитетот за ликовни уметности студирала костими и дизајн, а дипломирала во 2004 година.

Таа беше номинирана за најдобра женска улога и стана првата номинирана турска актерка за „Еми“ наградата на 42 издание на овој фестивал за нејзината улога како Мелек во семејна турска драма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tuba Büyüküstün (@tubabustun.official)

Туба Бујукустун е национален амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Таа со УНИЦЕФ работи од 2014 година кога објави дека ќе се бори за подобрување на правата на децата во Турција.

Таа е мајка на две деца. Во јануари 2012 година, Туба ги доби близнаците, Маја и Топрак во бракот со нејзиниот колега, актерот Онур Сајлак. Но, нивниот брак заврши кон средината на 2017-та година.

Откако го завршила бракот со Онур Сајлак во 2017 година, таа се заљубила во режисерот Умут Евирген, со кој,, била во врска во последните три години. Иако не се знае многу за нивната романса, на турските медиуми им е познато дека неколку пати се разделувале. Иако ниту еден од нив не ја навел причината за раскинувањето, низ турските медиуми кружи информација дека актерката го изневерила своето долгогодишно момче, а тој дознал за тоа и потоа ја оставил.

„Таа не беше верна, тоа е причината за нивното раскинување. И тој тоа го открил со копање по нејзиниот телефон. Имаше што да види“, рекол извор за турските медиуми.

Фото: Фејсбук профил

Македонската публика ја знае Туба од многу серии како „Аси“, „20 Минути“, потоа како Елиф во „Валкани пари и љубов“ и други.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button