Реклама
Новости

Оваа жена своето 21 дете го роди са замо 12 минути, но светот го шокираше со нешто друго

Реклама

Сју Редфорд има 43 години и 21 дете.

Тие го прават најголемото британско семејство и по тој повод гостуваа во шоуто на Канал 4.

Маркетинг

Радфорд во шоуто откри дека нејзината најмлада ќерка Бони Реј ја родила за само 12 минути, но публиката беше шокирана од еден друг податок. Имено, таа пред камерите и водителот призна дека првото дете го родила кога нејзиниот сопруг Ноел имал 18, а таа само 13 години.

Маркетинг

„Тие се прекрасни деца, но се чувствувам чудно поради фактот дека таа забременила кога нејзиниот сопруг имал 18 , а таа само 13 години “, вели еден корисник на Твитер, додека еден друг се надоврза со следниот коментар: „Дали таа навистина добила дете кога и таа самата била дете?“

Некои веруваат дека тоа е злочин и дека треба да бидат санкционирани заради тоа. „Не можам да го надминам фактот дека 18-годишно момче и направил дете на 13-годишна девојка. Тоа е злочин“ , предупреди еден гледач.

„Се надевам дека ова го гледаат социјалните служби и дека се исто толку вознемирени како и јас. Тие очигледно имаат ментално растројство. Помогнете им!” коментираше друга корисничка на социјалната мрежа Твитер.

Радфорд откри во шоуто и дека не знае дали сега ќе престанат: „Откако го родив моето 20 дете реков дека е последно. Мислам дека едноставно сакаме големо семејство и новороденчиња. Ако тоа е зависност, ќе застанеме. Барем знаеме дека ќе имаме многу внуци “, заклучи таа.

https://twitter.com/Lakeyno1/status/1080938592682299400?

https://twitter.com/misspaigeoneill/status/1080960884116258816

 

 

 

Што мислите вие за оваа мама?

Поврзано

Back to top button