Реклама
Вирално

Оваа жена откако е родена живее во колиба, изолирано и далеку од цивилизацијата, и постојано му се моли на Господ (видео)

Реклама

Агафија и нејзиниот помлад брат се родени во пустината, каде што единствените луѓе што ги познаваа во текот на својот живот се нивните родители.

Агафија Ликова (74) е единствениот преживеан член на семејството Ликови, која живее потполно сама во една колиба во длабоката шума во Сибир. Нејзиното семејство, кое припаѓало на фундаменталистичката православна секта на староверци, одби да ја прифати реформата на црквата. Поради тоа во 1936 година, Сталин ги протера во Сибир.

Маркетинг

Нејзиниот татко Карп Ликов го собра семејството и заедно со него се повлече длабоко во шумата во колиба која е 240 километри оддалечена од најблиската населбата. По смртта на нивниот татко, пред околу 30 години, по што набргу починаа и нејзината мајка и брат, Агафија остана сосема сама, без никаков контакт со надворешниот свет и цивилизацијата.

Маркетинг

После повеќе од една деценија, Агафија беше пронајдена дури пред две години, откако почувствувала болката во нозете, па се јавила преку сателитски телефон за брза помош. Не е познато од каде и толку модерен апарат, пишува Гардијан. Тогаш симпатичната старица за првпат се сретнала со технологијата од која беше изолирана повеќе од 30 години. Британски тим одлучи да сними документарен филм за нејзиниот живот.

Семејството живеело во целосна изолација додека не ги откри една група геолози во 1978 година. Тие дури тогаш дознаа дека Сталин е мртов веќе 20 години и дека неговата ера на репресија веќе е завршена. И покрај оваа информација, навикнати на пустинскиот живот, семејството Ликови одлучи да остане да живее во Сибир.

И како што тврди Агафија, таа никогаш не е осамена, бидејќи, вели, Исус е секогаш со неа.

„Христијанин никогаш не може да биде осамен, бидејќи секој има свој ангел чувар. Додека Исус е со мене, никогаш нема да бидам осамена”, вели Ликов.

 

Оваа стара жена, која живее изолирано од сите, има сопствена градина каде што седи компири, моркови, кромид и репка, и како што вели, цел ден и се сведува на литургиски обреди.

За ова семејство прв пат се слушна во светот во осумдесеттите години, кога Василиј Песков, руски новинар и писател, за првпат објави приказна за нив и за нивната екстремна изолираност од остатокот од општеството. По објавувањето на приказната, советската влада и плати на Агафи да патува низ Русија еден месец за да ја види својата татковина, а потоа за првпат ги видела автомобилите, авионите, па дури и парите. Ова беше последен пат да се појавила некаде помеѓу луѓето и оттогаш единствениот контакт со надворешниот свет има кога треба оди на лекарски преглед. Агафија е единствениот преживеан член на ова семејство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button