Оваа жена има посебно место во животот на Адријан Гаџа – фотографија со која пејачот ги воодушеви сите
Популарниот пејач јавно ѝ го честиташе роденденот на посебна дама во неговиот живот.
Адријан Гаџа сподели фотографии од роденденот на неговата мајка и ги воодушеви фановите.
Кон крајот на 90-те овој пејач беше еден од најпопуларните, а и тој период беше златно време за македонската музика.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Еден беше од ретките машки пејачи кои умеат и да пеат и да танцуваат, па уште со објавувањето на првата песна се стекна со гоема популарност.
Гаџа започнал со пеење во 2001 година на албанскиот музички фестивал Nota Fest.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Таму, тој ја освои првата награда, каде за првпат дебитант освојува прва награда од жирито и публиката.
За кратко време, Адријан стана популарен пејач во Македонија, Албанија и Косово.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Toj ja претставуваше Македонија на Евровизија 2008, изведувајќи ја песната „Let Me Love You” заедно со Тамара Тодевска и Врчак. Песната не успеа да се пласира во финале, завршувајќи 10-та со 64 бода.
И ден денес е активен во музиката, но пред извесно време започна да се занимава и со угостителство.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Во скопската населба Топанско Поле отвори ресторан кој работи со полна пареа и постојано е преполно.
Активен е и на Инстаграм, каде сега сподели фотографии од роденденот на неговата мајка, токму во неговиот ресторан.
„Среќен роденден мамо“, напиша тој во опис на фотографиите.