Оваа докторка беше заразена, па сама ја победи болеста: „Успеав против коронавирусот со овие три работи што сите ги имаме дома!“
Во светот само до сега новиот корона вирус беше кобен за повеќе од 8000 луѓе, додека околу 82.000 се излечени.
Една од излекуваните луѓе е и докторката Клер Герада која за британскиот „Дејли мејл“ откри неколку клучни работи кои најмногу и помогнале во лечењето на инфекцијата од новиот коронавирус за кој СЗО прогласи пандемија.
Тоа се парацетамол, пилешка супа и лимонада!
Клер, поранешна шефица на Кралскиот колеџ за доктори по општа пракса, вели дека ова било болно и фрустрирачко искуство. Таа вели дека вирусот го закачила на работна конференција во Њујорк.
Докторката Клер има 60 години и имаше симптоми карактеристични за Ковид-19 – кашлање, замор, воспаление на грлото, температура и грозница.
Им се јавила на надлежните служби со првите знаци на зараза.
„Знаев дека во прашање е корона вирус бидејќи обично не сум болна, а сезоната на грип е готова“, вели таа.
Откако се тестирала и е утврдено дека боледува од вирусот корона, докторката Клер морала да оди во карантин.
За време на домашното лекување таа наведе неколку работи кои и помогнале побрзо да закрепне, а тоа на прво место е пилешка супа која имала чудесен ефект да и се врати апетитот.
Докторката вели дека од вирусот закрепнала пиејќи парацетамол три пати на ден со големи количини на лимонада.
Но важно е да напоменеме дека оваа жена претходно никогаш не патила од било какви здравствени проблеми, па на овој начин потполно се излекувала.
Исто така важно е да напоменеме дека во прашање е докторка, па можела да процени состојбата и сама да се лекува.
Што се однесува до сите други, кои се сомневаат дека би можеле да се заразени од корона вирус, да се јават на дежурните епидемиолози и никако на своја рака и без да ги известат надлежните служби да не се лекуваат!
Броеви за контакт
На сите граѓани кои имаат одредени симптоми на респираторна инфекција, а кои во претходниот период престојувале во земји зафатени до КОВИД – 19, достапни се телефони, според местото на престој, на кои можат да ги добијат сите потребни информации, како и препораки за понатамошно постапување, од дежурни епидемиолози.
Во такви случаи не треба да се оди во болница, ниту со шетање и други активности да ги изложувате другите граѓани на потенцијални ризици, туку веднаш јавете му се на дежурниот епидемиолог.