Оваа девојка им одржа лекција на политичарите како се сака народот кога цените се до небо: Еве што им подари на граѓаните за 10.000 евра

Сите ја знаат легендарната изјава на кралицата Марија Антоанета – „Ако народот нема леб, нека јаде колачи“, но на балканските простори, поточно на југот на соседна Србија се појави и нишка Марија Антоанета.
Приказната за неа ја раскажа српскиот портал Блиц, а ние Ви пренесуваме како оваа млада и преубава девојка најде начин да направи добра кампања и да покаже колку навистина е скапо за граѓаните во земја, каде што, како што и самата вели, цените се само за капиталистите.
ФОТО: Инстаграм
Ана Гроздановиќ е политички активна, таа е член на Главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија (СПС) од Ниш. Таа на Инстаграм се пофали дека ги „изненадила граѓаните со квалитетно кафе и чоколадо“, а потоа отворено ја нападна владата на СНС, чиј партнер СПС е долги години.
Се започна како необична политичка предизборна приказна во која Гроздановиќ се пофали дека мистериозен анонимен спонзор од непознати причини и дава 9.400 евра или 1,1 милион динари за да ги израдува граѓаните за време на изборната кампања
ФОТО: Инстаграм
Таа се пожали дека цените во Србија „се за живот на капиталистите, но не и за обичните граѓани“ и изрази надеж дека „овој ужас брзо ќе се промени на подобро“ со тоа што „народот на овие избори ја избира програмата што ја нуди СПС“. ..
View this post on Instagram
„Драги народе и вие сакате и квалитетно кафе и квалитетно чоколадо. Затоа вчера обезбедив 2.000 кафиња и 2.000 чоколади како изненадување за луѓето. Но, морам да ви ја кажам приказната зад оваа акција. Му се јавувам на мојот спонзор, кого Кесиќ го крсти Мистер Икс, и му велам: „Еј, би сакала пак нешто“. Сакам да поделам чоколада и кафе, тоа реално сите го сакаат. Добро, вели, овие моиве ќе ти донесат 1.000 евра.“ Почнав да врескам од смеење и го прашав дали е свесен дека во Србија кафе од 200 грама чини 379,99 динари, а чоколадото 169,99 динари?, објави Гроздановиќ на Инстаграм.
Мистериозниот спонзор и одговорил: „Ајде не се шегувај Анчи, колку ти требаат за 2.000 кафиња и чоколади?“
– Му велам 760.000 динари за кафе, а 340.000 динари за чоколади, што значи 1.100.000 динари или 9.400 евра, па сега што ти е полесно да ми дадеш, види. Ми вели: „Не се глупирај, моите пријатели ќе ти донесат кафе и чоколади затоа што ме лажеш сега“ Јас бесна го завршив повикот и вчера стигнаа чоколади, кафе и сметката, а зад сметката : „Извини. Во право беше”. Така настана уште една моја акција која им го разубави денот на граѓаните“ – раскажа убавата политичарка и инфлуенсерка Гроздановиќ.
View this post on Instagram