Оваа дама е најважната личност во животот на Коки – популарниот музичар ужива во нивната дружба
Македонскиот пејач ја покажа најважната личност во неговиот живот.
Коки јавно ѝ го честиташе роденденот на својата наследничка.
Никола Јанков својата кариера ја започна како дел од најпопуларното македонско дуо „Дуле и Коки“.
ФОТО: Принтскрин
Кон крајот на 90-тите тие двајца уживаа огромна популрност.
„Виолина и гитара“, „Мене место не ме фаќа“, „Марама“, „Дај ми шанса“ се евергрините кои се паметат и пеат и денес.
ФОТО: Принтскрин
По згаснувањето на животот на Дуле, Коки продолжи да се занимава со музика, но овој пат со својот бенд „Тајфата“.
Коки е активен на социјалните мрежи каде често споделува фотографии и снимки поврзани со неговата професија.
ФОТО: Инстаграм / Коки Јанков
Емотивните објави на неговите профили секогаш се посветени на неговата ќерка Лара.
Лара е плод на љубовта меѓу него и неговата поранешна сопруга Росана Јанков, со која беше во брак десетина години.
ФОТО: Инстаграм / Коки Јанков
Секој момент од своето слободно време Коки го користи да го помине со Лара и целосно ѝ е посветен.
Таа оди со него каде и да оди тој.
Неговата убавица веќе е порасната и премногу личи на него.
ФОТО: Инстаграм / Коки Јанков
Лара наполни 15 години и по тој повод татко ѝ објави нејзина фотографија и ѝ упати честитка:
„Среќен роденден татино“, напиша Коки.