Оваа дама веќе со години важи за една од најубавите Македонки – за неа времето како да стои
Оваа жена и во петтата деценија изгледа брутално добро
Поранешната манекенка Светлана Црнокрак (47) се уште важи за една од најубавите жени во Македонија.
И покрај тоа што има две бремености зад себе и ја гази петтата деценија од животот, Светлана се уште може да се пофали со линија на која многу претставнички на понежниот пол можат само да и завидуваат.
Таа изгледа како да е во своите дваесетти години, посебно кога ќе се појави во едно вакво издание како што тоа го направи сега.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Имено, сопственичката на модното студио Црнокрак објави неколку фотки со кои ги воодушеви сите социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Облечена во металик фустан кој го носеше во комбинација со високи потпетици и чанта во сина боја, таа блескаше.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Покрај нејзината безвременска убавина во преден план беше и нејзиното тело кое и денес изгледа како во најдобрите години.
Следуваа бројни коментари и комплименти на сметка на нејзиниот изглед и сите се согласни дека е фатална дама.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Потсетуваме, Светлана и нејзиниот сопруг, Мики Црнокрак, неодамна прославија 26 години брак.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Тие важат за еден од најскладните парови меѓу познатите личности кај нас, но и еден од најубавите, и тоа веќе со децении.
За прославата на годишнината Мики објави фотографија од нивната свадба која се случи во 1997 година.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Тие се запознале кога и двајцата ја започнуваа манекенската кариера, а денес го држат модното студио Црнокрак.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Плод на нивната голема љубов се нивните две ќерки, Моника (24) и Нина (11) кои тргнаа по стапките на родителите.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
И двете имаат освоено повеќе награди за убавина, а Моника оваа година беше избрана за Мис Фотогеничност на Европа.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Нејзината 13 години помлада сестричка пак, Нина, беше избрана за Little Miss Planet 2023, на годинешниот избор во Бугарија.