Реклама
Новости

Оваа баба има 75 години и има неверојатно тело – нема да ви се верува како изгледа во бикини!

Реклама

Играњето Бинго и гледање вести не се единствените работи што 70-годишниците можат да ги прават, без разлика што мислите вие и како околината ве научила за нив. Имено, постојат и оние кои лесно може да ве освојат во скоро секој фитнес предизвик. И тоа во бикини.

Една од нив е и Џенис Лорен која има 75 години, која е позната и како баба бодибилдерка. Имено, оваа фасцинантна жена постигнува резултати кои нема да можат да ги направат некои ни во своите дваесетти.

Маркетинг

И што е најинтересно, таа со бодибилдинг не се занимава цел живот, туку го открила пред 20 години и оттогаш има освоено неверојатни 23 титули со прво место и опасно брза кон самиот врв на овој не така лесен спорт.

Маркетинг

Во тоа време, Џенис ја напуштила работата како психолог и заминала во пензија, и во едно интервју откри што ја мотивирало за да почне да се занимава со овој спорт.

„Еден ден, кога се вратив од теретана јас забележав една постара жена на паркинг. Таа не можеше да оди без помош. Во тој момент решив дека нема да бидам како неа”, вели Џенис. Само 15 месеци подоцна, на возраст од 56 години, таа присуствуваше на својот прв натпревар.

Една од поважните работи во животот на секој бодибилдер е исхраната, и ниту Џенис не е исклучок во тој поглед.

И како што истакнува, храната ја јаде исклучиво без зачин или сос, а предноста секогаш ја дава на суровата исхрана, со многу салата или, само во ретки случаи, кога ќе одлучи да изеде мало парче од сладок компир.

Во моменти кога таа има потреба од протеини, таа ќе се почести со риба или пилешко на скара, и сето тоа ќе го залие со чаша добро вино.

Бидејќи многумина се заинтересирани за начинот на кој се бори со желбата за благо, Лорен откри дека во тие моменти ќе посегне по бисквити преку кои ќе прелие коцка растопеното чоколадо со 90 проценти какао.

„Мојата цел не е да се натпреварувам со помладите од мене. Мојата цел е да покажам што може вашето тело и да ги мотивирам и охрабрам жените од сите возрасти”, објаснува Џенис кој се обидува да ја промени перцепцијата за жените во нивните 70-тите години.

Ако ја прашате до кога планира да тренира, Џенис сигурно нема да може да ви дадете одговор. Имено, таа планира да ужива во овој спорт што е можно подолго.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button