Популарниот македонски пејач по втор пат „рипна во тавче“, па веднаш им се пофали на своите фанови.
Даниел на Инстаграм соопшти дека се оженил и сподели прва фотографија по венчавката.
Иако никој не го очекуваше ова, сепак Дниел Кајмакоски ги изненади своите фанови со убава вест.
Тој и неговата нова сакана не ја кријат својата љубов и среќа.
Даниел ретко зборува за својот приватен живот и скоро воопшто не се појавува на македонските медиуми, па за она шо му се случува на љубовен план своите фанови ги извести преку Инстаграм.
Ова не е прв брак за него.
На почетокот на кариерата, неколку години беше во брак со познатата македонска манекенка, сега и пејачка, Кристина Димитриевска.
Како плод на нивната љубов се роди и нивниот син Давид.
По завршувањето на бракот и Кристина и Даниел воопшто не зборуваат еден за друг и она што ги врзува е само Давид. Чудно за публиката е тоа што Даниел никогаш не се појавува на прославите за родендените на нивниот син.
По долго време пејачот соопшти дека повторно е вљубен.
На неговиот Интаграм се појавија фотографии во љубовен занес со неговата сакана.
Името на девојката не е понато, но мора да се признае дека е вистинска убавица.
Тој викендов покажа дека сѐ уште верува во вистинска љубов и дека одлучил повторно да „застане на лудиот камен“.
Даниел на Инстаграм соопшти дека се оженил и сподели прва фотографија по венчавката.
За оваа прилика и двајцата се одлучиле за црно-бела комбинација.
Погледнете:
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски