Реклама
Новости

Објава на Ѓорѓе Давид од која ќе ви се заледи крвта – на музичарот сега му е полошо, ова ќе го уништи

„Пристигна зимата денес. Не ја сакам зимата, не сакам снег...“, напиша Ѓорѓе пред Нова година

Реклама

Целиот регион е во шок по тешката сообраќајна несреќа што во Македонија ја доживеа Ѓорѓе Давид кога покоси жена.

И самиот музичар беше повреден во несреќата, по што беше префрлен во кумановската болница каде му беше зашиена раката.

Но како што пренесуваат медиумите, многу поголема му е душевната болка што сега ја чувствува, заради жената што настрада.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, и покрај тоа што тој наводно не беше крив, туку налета на сообраќајка која веќе се беше случила на автопатот, на познатиот музичар многу му е тешко и во моментов не може да се помири со фактот дека едно лице го изгубило животот.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Како што пренесуваат медиумите, со него сега е и неговата сопруга Ана, која веднаш дошла од Белград во Македонија.

Инаку, Ѓорѓе непосредно пред несреќата објави снимка на Инстаграм во која се пожали дека го очекува лошо време за патување.

Фото: Инстаграм/ 192.рс

Тој тогаш неколку пати отворено дека не ја сака зимата, а истото го кажа и пред неколку недели, и тоа повторно од својот автомобил.

Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Давид

Музичарот тогаш објави фотографија на која е во автомобилот со кој му се случи несреќата, а под неа напиша:

„Пристигна зимата денес. Не ја сакам зимата, не сакам снег. Но брзо ќе помине! Секако, ме радува доаѓањето на 2024! Сите да бидеме подобри!,“ напиша тогаш познатиот музичар кој сега минува низ агонија заради несреќата што се случи кога временските услови навистина беа лоши.

Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Давид

Потсетуваме, Ѓорѓе учествуваше во тешка сообраќајна несреќа во која загина 49 годишна жена.

Несреќата се случи на автопатот Куманово-Табановце, а до истата дојде откако едно возило, кое се движело во недозволена насока, предизвикало судар. По сударот, жената која седела на совозачкото седиште го напуштила автомобилот и излегла на автопатот, покрај ударените возила кои биле и го попречувале самиот пат, а на неа налетало возилото управувано од Ѓорѓе Давид.

Фото: Инстаграм/ 192.рс

Тој немал време да закочи и ја удрил, а наводно виновна за целиот случај е девојката што ја предизвикала сообраќајката.

На музичарот веднаш му беше направен тест и утврдено е дека не возел под дејство на алкохол, а од судот во Куманово му е изречена мерка на претпазливост и му се одземени документите, така што останува во Македонија додека трае истрагата за несреќата.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Се уште сум во шок, тоа е пекол. Имам два шева на левата рака заради раните предизвикани од шофершајбната која пукна. Фала му на драгиот Господ што имам силен автомобил, бидејќи да не беше, кој знае што ќе се случеше со мене“, истакна Ѓорѓе по несреќата за „Гранд“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button