Обожавателите на Дупер разочарани што Мартина е избркана од бендот – еве што напиша Ина Многуфина за скандалот
Откако Мартина од Дупер беше избркана од бендот, реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат.
Многу нејзини обожаватели се крајно разочарани што нема повеќе да ја гледаат во приказната со познатиот бенд кој речиси преку ноќ се искачи на самит врв на нашата музичка сцена. Бендот и покрај тоа што ја откажа соработката со продуцентската куќа Авалон преку социјалните мрежи најавија дека продолжуваат да постојат како Дупер, а Мартина и покрај тоа што повеќе не е со нив ја сподели нивната последна заедничка песна.
Фановите на бендот ја коментираа причината заради која триото се раздели, а меѓи нив и познатата блогерка Ина Многуфина која го сподели следниот коментар на социјалните мрежи.
„Слушна ли за Дупер се распаднале, добро рокче беше тоа фалат такви бендови еее ми текнува порано какви свирки имаше по Скопје сега ништо нема рок, гитара…туку нешто прочитав Аца ќе доаѓал или патка е? Ако доаѓа да се јавиме кај Прке за коњопој со флаша брат а?“ вели блогерката Ина, а потоа додаде: „Дупер го избркале девојчето од бендот…зашо бе дечки да не била фан на Фанк Шуи? ?“
Некои дури се посомневаа и дека станува збор за маркетинг, бидејќи во исто време ја објавија и нивната последна заедничка песна, но Мартина ги потврди информациите дека се разделуваат затоа што им се измешале другарските и професионалните односи, и изјави дека повеќе не сака да зборува на оваа тема. По ова следуваше и објавата од страна на Бобан од Авалон продукција, како и официјалните објави од страна на бендот кои ги избришаа дури и заедничките фотографии со Мартина на Инстаграм.
Еве уште еден коментар за целиот настан:
„Се роди принцот, папата доаѓа, роденден е на првата дама, Мијалков излезе од домашен притвор, официјално утре е неработен ден, Дупер се распаднаа, а нема ни 5 саат“, пишува еден друг корисник на социјалните мрежи.