ОБЛЕКА ШТО НЕ ЈА НОСАМ: Паметен начин како да се ослободите од парчињата што не ги сакате
Ве каниме на еден многу интерсен настан што ќе се случува вечерва!
Доколку дома ви се трупаат алишта, не ги носите и само ви пречат, не ги фрлајте, или донирајте ги или ве каниме на едне многу интерсен настан што ќе се случува денеска со почеток во 19:00 часот во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје.
Иницијативата „Второ азно“ организира Летна размена на облека!
Овој настан подразбира дека сите посетители можат да дојдат да донесат чиста, испеглана и здиплена облека или прикачена на закачалки и да си земат нешто што некој друг го оставил.
Не се работи за донаторска акција, нагласуваат организаторите!
– Време е за летна чистка на плакарите и наоѓање нови омилени парчиња! Нема ограничување во однос на земање/оставање – единствен услов е облеката да биде испрана и во уредна состојба.Настанот не е од донаторски или хуманитарен карактер. Затоа, облеката од која само сакате да се ослободите или не е во употреблива состојба нема да биде прифатена. Оставете донација за поддршка на независниот простор кој ни овозможува да организираме ваков настан, стои во поканата на фејсбук.
Зошто претпочитаме облека од втора рака?
Поради следните не толку забавни факти:
📌 Текстилната индустрија користи околку 79493647464000 литри вода годишно (број кој, ако можеш, изговори го).
Освен тоа, таа е повеќекратен загадувач:
📌 користи 20 000 хемикалии за производство и боење на текстилот, од кои повеќето се карциногени, а се отпуштаат во водите
📌 со согорување јаглен со цел добивање енергија за производство на текстил, фабриките испуштаат околу три милијарди тони саѓи, кои предизвикуваат загадување на воздухот, респираторни проблеми и срцеви болести
📌 повеќето текстилни фабрики се наоѓаат во т.н. земји од трет свет, каде што дополнително се загрозува животниот стандард, животната средина и се врши континуирана експлоатација на евтина работна сила.
Текстилната индустрија е еден од најголемите загадувачи во светот. Статистиките покажуваат дека вкупните годишни трошоци на компаниите за раздолжување и депонирање на отпадот се движат и до 1,5 милион евра.
Познавачите ќе речат дека илјадниците тони од овој отпад може да бидат претворени во профит, а животната средина – спасена од сериозен загадувач.