Обележан е со црвено, во петок е ТЕЖОК ПРАЗНИК – ако сакате да ви се исполни желба направете го ова
Во петок, на 27 септември православните христијани и МПЦ празнуваат Воздвижение на Честниот и Животворен Крст Господов - Крстовден.
На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Јерусалим.
На календарот овој празник е обележан со црвени букви.
За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос, Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.
Овој настан, Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст, е празник на победата на христијанството над сите царства, култури и цивилизации, празник на христијанското општество кое опстојува низ вековите благодарение на непобедливата сила на Крстот, празник чија благодатна утеха ги поткрепува сите христијани, кои и денес поднесуваат прогони и страданија.
Веднаш после пронаоѓањето на Чесниот Крст многу цркви и манастири посакале да имаат делче од него, па така негови делови биле распространети ширум православниот свет. Во нашата земја и Бигорскиот и Раичкиот манастир чуваат честица од оваа најскапоцена христијанска светиња, пред која доаѓа да се поклони големо мноштво народ, просејќи благослов и поткрепа за своите семејства, ближни, како и за својата татковина.
На овој ден именден празнуваат Крсте, Крстинка, Кристина, Кристијан…
И за овој празник се врзуваат многу обичаи и верувања, а една од нив е дека ноќта пред Крстовден се исполнуваат желби.
Само треба да погледнете во небото и да замислите јасна желба со чисто срце, да ја изговорите јасно и гласно и таа ќе ви се исполни.