Носеше фустан кој само од овој агол изгледа добро – кога се сврте, и се прошета по црвениот килим, на сите им стана непријатно
Познатата манекенка на Fashion Awards во Лондон се појави во провокативно издание со кое многумина остави без здив
Кендал Џенер на црвениот килим на „Fashion Awards“ се појави во светкав златен фустан со кој ги откри своите совршени, предолги нозе кои ја поставија на самиот врв меѓу најплатените и најпознатите манекенки на светот. Но тоа не беше единственото нешто што го покажа.
Имено, познатата Џенерка одлучи да игра на картата на провокацијата така што за овој настан избра модел кој е направен од поприлично проѕирен материјал, под кој не можеше да ја сокрие долната облека, но и нејзините гради – да, оваа 23 годишна дама не носеше градник! Но и покрај тоа што ризикуваше да ја премине границата на вулгарноста, мораме да признаеме дека Кендал изгледаше поприлично елегантно и неодоливо, а за целиот впечаток многу допринесе и дискретниот минималистички накит како и преубавата фризура и шминка со кои манекенката едноставно блескаше.
Корисниците на Инстаграм беа воодушевени од ова издание на познатата Џенерка која минатата година заработи 22 милиони долари, иако мораме да признаеме дека имаше и такви меѓу обожавателите кои ја обвинија дека промовира погрешни вредности, особено заради тоа што во вистинскиот живот ваквиот фустан не би стоел добро на ниту една „обична смртничка“.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Кендал?