Носев ноќница од 1490 денари на свадба – и воопшто не се чувствував евтино
Сара ги изненади своите пријатели на Фејсбук
Една мајка ги повика и другите жени да имаат самодоверба и да носат ноќници откако одлучила да носи една таква креација на венчавка.
Сара Рочфорд од Велика Британија била на шопинг со својот сопруг кога ја видела ноќницата од 20 фунти од која се воодушевила.
Во прашање е ноќница со преубав цветен дезен од колекцијата „Bridgerton“ на познатиот ирски бренд „Primark“ за која Сара верува дека е преубава за да ја носи во кревет, па затоа решила да ја носи на венчавка и ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Оваа мајка на две деца најпрво мислела да облече луксузен фустан од 80 фунти кој веќе го имала во својот дом.
Но откако ја видела ноќницата таа реши во неа да се појави на свеченоста – ја носеше со розова чанта, шешир и розови високи потпетици.
Таа вели дека се чувствува убаво во овој фустан и дека добила многу комплименти, така што никој не забележал дека е во ноќница.
„Воопшто не се чувствував како да сум во евтин фустан или ноќница. Дезенот беше впечатлив и можете да ги носите со многу различни бои“, вели оваа мајка за креацијата, пренесува британскиот „Дејли мејл“.
Сара исто така си купила и ноќница од истиот бренд со змиски дезен и планира да ја носи на излегување во следниот период.
Таа минатата недела на Фејсбук сподели фотографија на која позира во својот фустан и ги воодушеви сите.
Многумина коментираа дека изгледа прекрасно во него и дека ова е совршен начин да се заштедат пари во време на криза.
„Ох, изгледаш прекрасно. Никогаш не би погодила од каде е. Морам да го однесам својот за*ник во Примарк“, напиша една корисничка.
„Изгледаш фантастично. Тоа воопшто не личи на ноќница“, и порача на Сара друга корисничка на оваа социјална мрежа.
Во продолжение погледнете уште неколку модели од оваа колекција на познатиот моден бренд…
Фото: Примарк
Фото: Примарк
Фото: Примарк
Фото: Примарк
Фото: Примарк
Фото: Примарк
Фото: Примарк
Фото: Примарк
Фото: Примарк
Фото: Примарк
Фото: Примарк