Реклама
Вирално

Норвешки епидемиолог признава: Постои слабост во нашата стратегија, Шведска правилно постапи

Реклама

Еден од најистакнатите норвешки епидемиолози Еилив Лунд, редовен професор во пензија на Универзитетот во Тромс, ја коментираше ситуацијата со коронавирусот во Норвешка и ја спореди со Шведска.

Според најновиот извештај, во Норвешка од коронавирусот се заразени 1 отсто од населението, а Лунд нагласува дека тоа е „показател за слабоста на норвешката стратегија“.

„Бројките ни се ниски зошто воведовме многу строг карантин. Да го направивме она што го направија Швеѓаните, би имаше повисока стапка на зараза, но со самото тоа и поголем имунитет“; рече Лунд.

Маркетинг

„Владата имаше голема доворба во стратегија на карантин. Но сега кога поминаа неколку недели, стратегијата навистина да делуваше би имале нула случаи“, рече тој и додаде:

„Постои слабост во нашата стратегија. Мислев дека ако останеме во карантин доволно долго вирусот ќе исчезне, но она што е проблем е што ние не можеме да спречиме тој да биде надвор. Тогаш мора да чекаме да се пронајде вакцина или лек. Само го одложивме проблемот кој неминовно ќе се појави пак во иднина“, заклучи тој.

Маркетинг

Во Норвешка според последните информации забележани се 7527 случаи на коронавирус, а починаа 83 лица.

Норвешка меѓу првите затвори низа приватни и јавни установи за да го запре ширењето на ковид-19, предизвикувајќи пад на стопанството и отпуштање на стотици илјади работници.

Рестрикции беа на сила до 13 април, а вклучуваа и затворање на детски градинки и училишта, одбивање на влезот на странците кои не живеат и работат во Норвешка како и забрана за заминување во викенд куќите на одмор.

Норвежаните успеаја да ја намалат стапката на трансмисија на вирусот од 2,5 на 0,7 што значи дека лице заразено од коронавирус сега во просек може да зарази 0,7 други лица.

Во Норвешка минатата недела повторно се отворија детските градинки. Но четвртина од родителите рекоа дека во нив некое време нема да ги испратат своите деца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button