Реклама
Наши ѕвезди

Нора си ја отвори душата: Проговори за својата болест и битката да забремени – „Ќе посвоев дете“

Реклама

Приказната на некогашната водителка и сегашна в.д. дректорка на театар Комедија е приказн која влева надеж кај сите жени кои водат слична битка како нејзината.

Нора Шаќири и нејзниот сопруг Марко ги жиеат најубавите мигови од жвотот сега.

Маркетинг

Нора и е позната на јавноста по некогашните ТВ проекти на кои работеше. Додека работеше како водителка беше позната по нејзините директни прашања без влакна на јазикот.

Денес е вработена во Драмсткиот театар како в.д. директор и ужива во семејниот живот.

Маркетинг
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

„Јас сум вработена таму. Кога го разрешија претходниот директор, ме поставија мене. Не очекував дека ќе ми бие тешко, забавно, исполнето, стресно и пред сѐ многу одговорно. Бара многу внимание, трпение, време. Верувам во себе, пред сѐ верувам во луѓето кои што се таму и сме супер тим.

Многу добро ме прифатија иако тоа за мене е само на хартија. Секое сабајле пиеме заедно кафе. Јас доаѓам прилично рано, што е необично за телевизија и театар. Мене денот ми зависи кога Ијан ќе се разбуди“, кажа Нора во интервју за Репортер.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Тој христијанин, таа муслиманка. Двајцата го споија неспоивото. Но, нивната љубов е пример за сите парови.
Со нејзиниот сопруг, познатиот музичар Марко Марковиќ се знаеле долго време од скопските дискотеки каде тој често настапувал.Кога и да се сретнеле тој ѝ велел дека тие двајца еден ден ќе завршат заедно. И тоа и се случило.
Нивната љубов започнала во најтешкиот период за неа.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Еден месец по смртта на нејзиниот татко, кога Нора успеала да собере сила и да се вмеша меѓу луѓе се појавил Марко, ја прегрнал, изразил сочувство и ѝ рекол дека ќе ја чува засекогаш. Токму овие зборови ја освоиле водителката и започнала нивната голема љубов.

Врските од различни националности се секогаш на тапет на лоши коментари. Таа откри како се празнуваат празниците во нивното семејство и дали постат пред големите празници.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

„Марко не пости. Јас не постам, но имам постено. Марко мислам дека никогаш нема постено. За да постиш треба да си психички спремен. Да бидеш многу чист. Јас работам исклучително захтевна работа. Мајка сум. Станувам многу рано. Постојано сум на работа. Ми треба сон, ми треба храна, вода, не сакам да давам збор, но во блиска иднина би сакала да постам. Тоа е многу добро и за душата и за телото“, кажа Нора и додаде како ги слават празниците:

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

„Тоа е стандард нема ништо спектакуларно. Одиме кај родителите на Марко на ручек. За Бајрам одиме кај моите. Зависи како ќе биде. Празнуваме. Секој празник е за мене убав. Јас се радувам на празници, многу ми е убаво“, вели Нора.
Нивната љубов отксекогаш се соочувала со предрасуди и чудни прашања од околината.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

„Секогаш имаше предрасуди. Јас сум порасната со предрасуди. На училиште, факултет, меѓу колеги. Многу често маските паѓале. Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилна. Навикнав да живеам со предрасуди и мене ми е сеедно. Марко е многу лабав по тоа прашање. Имаше коментари, имаше прашања на кои сметм дека никому не треба да му давам отчет. Ние функционираме нормално. Јас го почитувам Марко, Марко мене. Јас не јадам свинско. Во нашиот дом никогаш не се довело свинско месо. Марко тоа го почитува. Многу е едноставно и лесно е ако сакаш да го испочитуваш другиот“, кажа таа.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Нора уште од одамна во јавноста зборуваше за својот здравствен проблем и борбата да добие дете.

„Јас имам проблем со тироидата, си го носам хашимотото кое морам да го котролирам со терапија. Ми направи проблем околу забременувањето. Имавме фина борба. Оној момент кога почнавме да размислуваме за ин витро, не дека годините ме газеа, ако треба да се случи ќе се случи и на 60, но сакав да се остварам како мајка.

Во еден момент реков ќе одам кај својот доктор на консултации, ги направивме сите испитувања, имав мала хируршка интервенција и се договоривме дека ќе почнеме процес за ин витро. Докторот ми рече дека ќе оди на одмор и за две недели ќе почнеме. Како разговараме, јас чувствував дека нешто ми се случува, а не знам што. Дојдов дома и му реков на Марко да купи тест. Нешто чувствувам. Отиде купи тест, го чекав едно саат-два како да сум го пратила во НАСА. Дојде направив и не можев да верувам дека видов две лини.

Втората беше толку многу бледа. Го сликав тестот и му го пратив на докторот и тој ме повика да ми земе крв. Додека чекав резултати вртев како луда низ клиника. После ми кажа дека сум бремена. Кога Господ сака тогсш и ќе биде. Многу се опуштив, реков тоа е тоа, ако не оди по природен пат, ќе одиме на ин витро, ако не оди и то тогаш бев сигурна дека ќе посвојам дете. Тоа е една од моите најголеми желби“, кажа Нора.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Нивната најголема љубов и центар на внимание е синот Ијан. Некогашната водителка откри и како се одлучиле токму за тоа име.

„Ијан е желба на Марко. Јас имав друга желба, замисла, имав неколку имиња, меѓутоа околу почитувањето, Марко ми рече дека тој сака да му даде име на детето. Седевме еден ден кај мајка ми на ручек, Бени го седна Марко му кажа дека тој е главата на куќата затоа што по смр-тта на таткото, главата на куќата е најстариот брат и тој кажува како ќе се вика детето. „Сакам да ти кажам дека вашиот син ќе се вика по таткото на нашиот татко“, му кжа Бени на Марко. Марко запрепастен рече „па добро“. Тогаш мајка ми срипа и кажавме дека се шегуваме“, откри директората на театар Комедија.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Ијан веќе има една година. По тој повод Нора на социјалните мрежи сподели неколку фотографии, односно да направи мала ретроспектива од раѓањето на Ијан, па се до денес.

„Ијан, твоето име значи љубов. Година полна со радост, солзи, непреспиени ноќи, насмевки“, напиша таа.

„Те родив бидејќи бог ме награди, те чувам и ќе те чувам додека дишам, сине мој. Ти ме направи подобар човек, ти ми ги отвори сите врати, ми покажа што е неизмерна љубов, пожртвуваност, среќа. Да си ми здрав и жив, насмевката да ти биде заштитен знак, а мама и тато секој ден ќе ти го прават посебен. Среќен прв роденден, бисеру мој“, додаде Нора.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Поврзано

Back to top button