Реклама
Наши ѕвезди

Нора го покажа синчето на Инстаграм и објави ПРЕКРАСНИ ВЕСТИ – голема среќа во нејзиниот дом

Реклама

Некогашната водителка Нора Шаќири Марковиќ и нејзиниот сопруг Марко ги живеат најубавите моменти во животот.

Нора и е позната на јавноста по некогашните ТВ проекти на кои работеше. Додека работеше како водителка беше позната по нејзините директни прашања без влакна на јазикот.

Маркетинг

Денес е вработена во Драмсткиот театар како в.д. директор и ужива во семејниот живот.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Со нејзиниот сопруг, познатиот музичар Марко Марковиќ се знаеле долго време од скопските дискотеки каде тој често настапувал.Кога и да се сретнеле тој ѝ велел дека тие двајца еден ден ќе завршат заедно. И тоа и се случило.
Нивната љубов започнала во најтешкиот период за неа.

Маркетинг
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Еден месец по смртта на нејзиниот татко, кога Нора успеала да собере сила и да се вмеша меѓу луѓе се појавил Марко, ја прегрнал, изразил сочувство и ѝ рекол дека ќе ја чува засекогаш. Токму овие зборови ја освоиле водителката и започнала нивната голема љубов.

Таа муслиманка, тој христијанин. Но и покрај лошите коментари и покрај неприфаќањето од околината тие одлучиле засекогаш да останат заедно.

За него вели дека е прекрасен лик, кој го обожаваат сите нејзини пријатели затоа што е многу добра личност. Вели дека обожава да го слуша додека пее, особено кога е на негов настап, а тој ќе ѝ посвети песна.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Бидејќи нивното познанство се лучило во скопските дискотеки, Марко одлучил таму да се случи и запросувањето и тоа во присуство на нивните пријатели.

И двајцата се темпераментни и уживаат о добрата музика, па затоа и нивната свадба беше една голема забава во која уживаа сите присутни.

Круна на нивната љубов е нивниот син Ијан.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Нора за медиумите откри дека кога дознала дека е бремена, таа и најблиските заплакале од среќа.
Имено, таа има проблем со зачнувањето затоа што има проблеми со тироидната жлезда, односно болест со која се бори со години.

„Кога дознавме, реакцијата беше збунувачка, солзи радосници па приземјување..Со оглед на фактот дека јас боледувам од хашимото тироидеа, некако можеби потешко одеше оваа приказна, но се разбира, во ниту еден момент не кренавме раце, и ете се случи токму кога решивме да се опуштиме. На крајот од денов, ова е божја работа. Тој реши дека сега јас и Марко треба да станеме родители“, раскажа убавата трудница за „Женски магазин“.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Својата среќа ја споделила со нејзините браќа и најблиските пријателки.

Нејзината мајка се опуштила откако дознала дека и нејзиното најмало дете ќе стане мајка, а за семејството на Марко ова е прво внуче и тоа е посебна радост.

Минатата година, година која поради пандемијата за многумина беше тешка и разочарувачка, за Нора и Марко беше најубава година од нивниот живот. На 6. април 2020 година Нора на свет го донесе својот син Ијан. Нора и преку социјалните мрежи му посака добредојде на синот Ијан.Додека пак среќниот татко, објави дека е горд.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Оттогаш на нејзината среќа ѝ нема крај. Таа постојано споделува семејни фотографии и покажува дека навистина како никогаш досега ужива во животот и во новата улога.

„Ја сакам твојата насмевка сине мој
Ти си ми СЕ.

Те носев девет месеци во себе, цел живот ќе те носам покрај себе…
Ти си ми дар од Бога мило мое

Благодарам на Бог што одбра ти да ми бидеш син

Твоето име значи љубов. #ИЈАН“, напиша таа во опис на една фотографија од малиот Ијан.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Таа за медиумите изјави дека нема посреќна жена од неа. Заедно со Марко ги слават и муслиманските и христијански празници. Велигден минатата година бил првиот празник кој го поминале со новороденчето и за нив тоа било магично искуство.

Вчера, нивната среќа, нивниот син наполни 1 година. Гордата мајка одлучи по тој повод на социјалните мрежи да сподели неколку фотографии, односно да направи мала ретроспектива од раѓањето на Ијан, па се до денес.

„Ијан, твоето име значи љубов. Година полна со радост, солзи, непреспиени ноќи, насмевки“, напиша таа.

„Те родив бидејќи бог ме награди, те чувам и ќе те чувам додека дишам, сине мој. Ти ме направи подобар човек, ти ми ги отвори сите врати, ми покажа што е неизмерна љубов, пожртвуваност, среќа. Да си ми здрав и жив, насмевката да ти биде заштитен знак, а мама и тато секој ден ќе ти го прават посебен. Среќен прв роденден, бисеру мој“, додаде Нора.

ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук
ФОТО: Нора Шаќири Марковиќ / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button