Ноне сретна „чуден“ маж и сакаше да се фотографира со него, но тој ја ШОКИРАШЕ со она што и го кажа – ова не го очекуваше!
Совршена комбинација е кога ќе се спојат работата и уживањето, а токму тоа го направи и нашата поранешна пејачка.
Ноне Неделковска работи и патува низ светот, а на социјалните мрежи често споделува делови од нејзините патувања.
Имено Ноне работи на брод, па често посетува светски познати дестинации, а овој пат нејзина „станица“ беше Шкотска.
Освен што се пофали со убавините на таа земја, Ноне налета и маж во килт, односно во сукња.
Сепак тоа не е најинтересниот дел.
Таа објави и кратко видео од господинот за кој Ноне рече дека се вика Доналд кој знае малку од јазиците на Балканот, односно српски.
Тој вели дека е туристички водич, а потоа вели ѝ здраво, на што Ноне шармантно се смешка и му заблагодарува.
Уште еден интересен факт е дека господинот е неверојатно висок, па и Ноне се пошегува и напиша:
„Изгледа како јас да сум ниска, но всушност господинот Доналд е многу висок“ напиша Ноне.
Ноне со години работеше на брод, како менаџер за продажба, па речиси да не постои место на коешто не била, но поради коронакризата таа беше принудена некое време да помине во Македонија.
Па како и секој човек таа времето го поминуваше со своите најблиски и најмили.
На нејзиниот профил на социјалните мрежи можеа да се видат и неколку фотографии на кои е во друштво со својата мајка.
Тие и денес неверојатно личат една на друга, иако Ноне има црвена, а гордата мама Мимоза – руса коса!
Повеќе од очигледно е од кого Ноне ја има наследено убавината, нели?