Ноне Неделковска почна да ја фаќа носталгија за дома – објави фотографија со нејзината мајка, еве што и порача!
Иако долго време живее и работи на брод, сепак и недостига семејството.
Неколку години работеше на брод, а поради коронакризата помина извесно време во Македонија, во родниот Велес.
Ноне Неделковска или како што многумина ја нарекуваат џебната венера после подолго време се врати да работи на брод.
Иако веќе неколку пати кажа дека ужива во работата посебно во тоа што може да шета низ светот, Ноне сепак испрати емотивна порака до нејзината мајка.
Имено нејзината мајка славеше роденден а Ноне и честиташе роденден па порача дека и недостига.
Преслатката Ноне постираше фотографија на која позира задно со својата мајка со која наздравуваат со чаша вино, но повеќе од очигледно е од кого Ноне ја наследила убавината.
Неверојатно личат една на друга, иако Ноне има црвена, а гордата мама Мимоза – руса коса!
Интересно е и тоа што и двете се родени во септември, па овој месец е највесел во нивното семејство.
Ноне со години работеше на брод, како менаџер за продажба, па речиси да не постои место на коешто не била.
Таа посебно уживаше на егзотичните дестинации, од каде редовно објавуваше фотографии на својот Инстаграм.
Во интервју за „Црно-бело“ рече дека три часа возење низ пустината Сахара за неа било незаборавно искуство, додека пак Куба и пливање до делфините во Мексико, приказна за себе.
Додека таа беше светски патник има посетено 45 земји и вели дека е благодарна за таквото искуство, а се чини дека тоа искуство продолжува, а списокот на земји ќе се зголемува.