Ноле му дава пари на уличен свирач – најдобриот тенисер на светот ВООДУШЕВИ, повторно покажа зошто е еден и единствен
Наскоро треба да почне со припреми за Дубаи…
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по освојувањето на трофејот во Австралија реши малку да се одмори.
Тој заедно со својата сопруга го пости Нови Сад каде беше на концертот на Жељко Самарџиќ, но и се прошета низ градот.
И додека го правеше тоа, тој му даде пари на еден уличен свирач, а овој негов гест заврши на социјалните мрежи.
Секако дека ова предизвика големо внимание и огромен број на коментари, и сите се воодушевени од она пто го направи.
Ноле со ова уште еднаш покажа колку голем човек е и зошто сите му симнуваат капа! Големо БРАВО за него!
Инаку Ноле низ Нови Сад се шеташе заедно со својата сопруга Јелена Ѓоковиќ со која се држеа за раце.
Тој наскоро треба да започне со подготовките за турнирот во Дубаи, а меѓувремено чека и одговор од американските власти за влез во земјата за да може да учествува на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами.
Она што засега е сигурно е тоа дека неприкосновениот Ѓоковиќ сигурно ќе игра во Монте Карло, а потоа најверојатно ќе ја продолжи сезоната на земјена подлога во Рим и евентуално во Мадрир пред големиот турнир Ролан Гарос.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм