Вести

НОВ ЦЕНОВЕН ШОК ЗА ГРАЃАНИТЕ – Од петок поскапуваат овие производи!

Advertisement

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство за месец септември изнесува 48.379 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Споредено со претходниот месец, минимална синдикална кошница е намалена за 966 денари, што, според ССМ, е резултат на загарантираните цени на прехранбените производи.

Advertisement

Фото Пекселс

– Со зголемувањето на ДДВ на истите тие производи, повторно ќе дојде до зголемување на вредноста на потрошувачката кошничка, односно претходната мерка на загарантирани цени на основните прехранбени производи нема да има никаков ефект.

Затоа, ССМ бара од Владата сериозно да ја ревидира и коригира листата на производи кои се дел од секојдневието на граѓаните и за истите да ја врати стапката на ДДВ од пет проценти, потенцираат од ССМ.

Оттаму, истакнуваат дека одлуката за определување стапка на ДДВ која ќе се зголеми од 5 на 10 отсто, е непромислена и несоодветствува на реалните состојби на сиромаштија и зголемени трошоци за живот кои се карактеристични за голем дел од населението, пред сè, поради ниските плати и над 120 000 вработени кои се на минималец.

Фото Пекселс

– Предлагаме ДДВ-то од 10 отсто да остане само за оние луксузни прехранбени производи кои се купуваат од мал број граѓани и се консумираат ретко.

Доколку остане оваа листа на предложени прехранбени производи чии износ на ДДВ се зголемува на 10 отсто, за луксуз ќе се сметаат и производи за секојдневна употреба како што се: сирењето, конзервирана храна, гриз, чај и друго, велат од ССМ.

Фото Пекселс

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека, според последниот податок на Државниот завод за статистика, објавен во 2020 година, 21,8 отсто од населението е сиромашно.

ССМ предупредува дека поради сегашната економска состојба, доцнење на мерките на Владата, порастот на цените на прехранбените производи, пораст на стапката на ДДВ од 5 на 10 проценти се очекува понатамошно зголемување на стапката на сиромаштија на населението до 25 отсто.

– Потребни се брзи и сериозни мерки во областа на економијата преку нови инвестиции и вложувања, развој на нови производни капацитети, зголемување на поддршката и субвенционирање на одделни стопански области, што ќе доведе до зголемување на платите и намалување на сиромаштијата на населението, нагласуваат од ССМ.

Фото Пекселс

Владата ја ревидираше листата со луксузни производи. Од петок, со 5% ДДВ повторно ќе се продаваат: урдата, замрзнатото тесто, црниот бибер, црвениот пипер, бебешките каши, адаптирано млеко за доенчиња, додатоци за исхрана за опаднат имунитет, хербалните чаеви, наполитанките, вафлите, растителниот кашкавал, останати одредени видови кашкавали, лутеница, конзервирано цвекло, феферони.

„Лускузни“ остануваат: мајонезот, сите видови апетисани, компоти, тропското овошје, сончогледот, мастиките, најголем дел од зачините и уште стотици други производи.

Фото Пекселс

Поскапуваат и над 500 производи во аптеките. Меѓу нив се речиси сите витамини, таблети за смирување, препарати за црниот дроб, простатата и очите, ќесички со електролити. И нивното ДДВ од 5 оди на 10%.

На листата до која дојде СДК (сакамдакажам.мк) има витамини за раст и развој на децата, мултивитамински препратати што содржат магнезиум, железо, витамини Б, Д и Е, како и Витамин Ц, додатоци за вознемиреност или несоница.

Од петок поскапуваат и цигарите. Владата минатата недела донела одлука за измена на законот за акцизи која почнува да важи од 13-ти октомври. Со тоа, кутија цигари ќе се продава за 5 денари поскапо.

Фото Пекселс

Овие артикли се последни во низата илјадници производи кои поскапеа со образложение дека се луксуз или пак, дека не се здрави.

Во најава е и поскапување на половните возила. Според предлогот на финасии, ако досега за возило до 10 илјади евра не се плаќаше данок, сега тој ќе изнесува 1%. Двојно ќе се зголеми давачката за оние возила кои најмногу загадуваат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button