Реклама
Вирално

Нов симптом на коронавирусот се јавува кај помладите: Ако го забележите ова веднаш јавете се на лекар да ви направат тест

Реклама

Наглото исчезнување на мирисот, познато како аносмија, се појави кај неколку помлади пациетни кои имале многу благи симптоми, а тестот им бил позитивен на коронавирус.

Аносмија е неочекувано губење на мирисот, но без затнат нос, понекогаш проследен со губење на вкусот.

Француското здружение на оториноларинголози повикува да се сврти вниманието кон ова:

Маркетинг

-Постои очигледна врска меѓу аносмијата и вирусот, тврди Жан Мишел Клајн, претседател на националниот совет на оториноларинголози.

– Нема сите кои имаат КОВИД-19 да развијат аносмија, но сите изолирани се аносмичари, без локални воспаленија, а биле позитивни на коронавирус. Луѓето кои ќе го почувствуваат овој симптом, мора веднаш да се самоизолираат, рече Клајн.

Маркетинг

Британските колеги се сложуваат со ова, па и нивното национално здружение на оториноларинголози ЕНТ УК, предлага аносмијата да се додаде кон моменталните симптоми.

– Дојде до брз пораст на бројот на извештаи за значаен пораст на пациенти со КОВИД-19 инфекција кои го претставуваат губењето на мирисот во недостаток на други симптоми, се наведува во изјавата на Британското здружение.

Пациент заразен со коронавирус, кој живее во околината на Париз рече за еден странски медиум дека тој е еден до пациентите кој го имал овој симптом.

-Јадете, а не можете ништо да почувствувате … Ова ми е стресно, изјави тој.

До сличен заклучок, поврзување на аносмијата со болеста КОВИД-19 дојдоа и германските и американските експерти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button