Реклама
Вирално

Ново чудо во Турција – жена (74) спасена од под рушевините 227 часови по земјотресот! Спасувачите неуморни, се борат за сечиј живот

Реклама

Како што јавуваат турските медиуми, спасувачките екипи успеале да извлечат две жени кои поминале под рушевините повеќе од цела недела.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Хабер Лутфен

Едната жена поминала 222 часови под рушевините, додека другата била пронајдена неколку часови подоцна.

Првата жена е пронајдена во рушевините на една зграда во Кахраманмарас, место кое речиси целосно беше разорено од силниот земјотрес.

Разорниот земјотрес во Турција и Сирија предизвика голем број жртви, но остави и голем број преживеани под рушевините.

Маркетинг

Спасувачките екипи макотрпно се обидуваат да дојдат до преживеаните кои се заглавени во рушевините и не губат надеж иако времето не е на нивна страна. Имено, колку времето поминува, толку помали се шансите спасувачките тимови да пронајдат некој жив под рушевините.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Хабер Лутфен

Но чуда се случуваат се уште на местата кои беа погодени од земјотресот, па така како што јавуваат турските медиуми, спасувачки тим успеал да извлече жена од под рушевините на една зграда и тоа 222 часови по земјотресот.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Хабер Лутфен

„Слушнавме ‘помош’ под рушевините. Нозете ни се пресекоа, не преплива радост! Успеавме да стапиме во контакт“, раскажуваат спасителите што ја извлекле жената за турскиот портал „Hurriyet.“

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Хабер Лутфен

Станува збор за Мелике Имамоглу (42) која била свесна и успеаја да ја извлечат од под рушевините во Кахраманмарас.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Хабер Лутфен

Брзата помош веднаш ја однесе во болница каде и беше пружена сета помош што и беше потребна.

Фото. АФАД, АА

Само неколку часа подоцна, турските медиуми јавуваат дека од под рушевините е извлечена и 74-годишната Џемиле.

Амбулантниот тим вендаш и пружил прва помош, а потоа и таа беше однесена во болницата.

Фото: Исам Абдалах

Како што јавува Анадолија, 74-годишната жена била извлечена од под рушевините 227 часови по разорниот земјотрес.

Спасувачката екипа што ја спаси Џемиле Кекец е од Кастамонуа и Сакарија. Тие најпрво ја лоцирале жената, а потоа и успеале да ја извлечат под рушевините од срушената зграда.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button