Ново спектакуларно издание на нашата фолк пејачка – Ирена ги покажа тетоважите што ги направи на и*тимeн дел од нејзиното тело
Нови фотографии со кои фолкерката го „стресе“ Инстаграм
Познатата фолк-пејачка Ирена Спасовска реши на почетокот од последниот месец од годината да ги почести своите фанови со една интересна фотографија.
На преубавата фотографија со потписот на македонската фотографка Каролина Ди, познатата пејачка позира во едно од најатрактивните изданија досега.
Таа носи црно карирано здолниште и импровизиран проѕирен горен дел, под кој се гледа градникот, а целото издание го заокружи со кармин во страсна црвена боја и нова фризура со коа никого не остави рамнодушен.
Пејачката доби голем број ласкави коментари под фотографијата, а под неа во описот напиша:
„Сите луѓе носат среќа. Некои кога доаѓаат, а некои кога си одат“.
Еве како таа изгледаше на фотографијата:
Покрај провокативното издание, она што кај сите привлече внимание се и нејзините нови тетоважи.
Имено, Ирена пред некое време реши да го украси телото така што сега има две нови тетоважи – една на раката и една во пределот на деколтето, а како тие изгледаат можете да видите и на нејзиниот профил на Инстаграм.
Позитивните коментари можат да се прочитаат под секоја од фотографиите, кои таа во последно време се почесто ги објавува на социјалните мрежи.